Со убавината го освоила кралот на рокенролот, а потоа си го уништила лицето: По неговата смрт станала дел од морничав култ!

Присила Присли

Кога ќе се спомене Присила Присли, многумина прво помислуваат на нејзиното лице што го уништила со пластичните операции

Актерката и претприемничка Присила Присли, позната и како вдовицата на кралот на рокенролот Елвис Присли, вчера наполнила 76 години. Присила не престанува да ги шокира обожавателите, и тоа најмногу поради естетските операции што оставиле трага на нејзиното лице.

Присила неодамна била видена на Мет Галата, а многумина го коментирала нејзиното деформирано лице.

Претераниот број на естетски операции, особено по третманот на аргентинскиот лекар Серано, кој наместо ботокс ѝ вбризгал индустриски силикон, целосно ѝ го промениле изгледот. Потоа, таа наводно се откажала од сите зафати за подмладување, но последиците се видливи.

Присила имала само 14 години кога го сретнала Елвис, додека тој бил 10 години постар. Двојката се венчала во 1967 година, а следната година ја добиле ќерката Лиса Мери.

Меѓутоа, тие се развеле во 1973 година. Музичарот починал во 1977 година, а имал само 42 години. Присила во документарецот Elvis Presley: The Searcher рекла дека нејзиниот поранешен сопруг самиот си го одзел животот.

„Знаеше што прави. Неговите блиски луѓе се обидоа да сторат нешто, но нему никој не можеше да му кажува што да прави. Во спротивно, веднаш те исфрлаше од животот“, раскажала актерката.

Објаснила дека ниту таа, ниту семејството и пријателите не можеле да го принудат Еливс да престане со земањето лекови.

Открила и дека пејачот напишал две проштални пораки пред својата смрт, а неговото семејство рекло дека Присли намерно се предозирал со лекови.

Присила и покрај разводот останала блиска со Елвис до неговата смрт. Во документарецот ја обвинила и американската војска за зависноста од таблети на нејзиниот поранешен сопруг. Имено, тој служел воен рок во Германија и актерката раскажала дека на војниците им давале лекови за да ги одржат будни.

Присила често истакнува дека ниту еден маж не може да се мери со Елвис, иако нивниот брак завршил со развод.

„Мислам дека никогаш нема да најдам некој што би го сакала како Елвис. Беспредметно е воопшто да се споредува со некого. Вистина е дека некои мажи со кои сум била по Елвис ми значеле нешто, но тој беше мојата прва и последна љубов“, објаснила актерката, која никогаш повеќе не се омажила, а од долгогодишната врска има еден син.

Присила, за жал, имала и други проблеми, и тоа токму со озлогласената Сајентолошка црква, чии членови се Том Круз и Џон Траволта.

Во култот влегла во 1977 година откако починал Елвис. Сајентолозите ја регрутирале уште во времето додека кралот на рокенролот бил жив, но тој не сакал ни да чуе за тоа.

По 40 години во таа организација, сепак успеала да се извлече.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.