Крцкави стапчиња со сирење од тавче: Готови се за миг, им успеваат и на почетници! (ВИДЕО)

Пробајте, ќе се воодушевите!

Брзите стапчиња со сирење од тавче се приготвуваат за миг, а ќе ве воодушеват со вкусот

Солените грицки, иако се достапни и во маркетите и во пекарниците, многу повкусни се кога ќе излезат од вашата кујна. Овој рецепт за стапчиња се приготвува многу брзо, состојките се едноставни и достапни, а не е потребна голема умешност во кујната.

Ова коктел-печиво можат да го приготват и почетници во кујната, и со него да ги израдуваат своите домашни или ненајавени гости…

Состојки:
  • 2 јајца
  • 480 г брашно
  • 1 чаша млеко
  • 1 врзоп магдонос
  • 150 г кашкавал
  • 100 г фета-сирење
  • 1 лажиче сол
  • 10 г сода бикарбона
Приготвување:
  • Целите јајца помешајте ги со рендан кашкавал, фета-сирење, млеко, ситно сечкан магдонос и додајте шеќер.
  • Измешајте ги состојките, па сипете брашно, сода бикарбона и сол, а потоа сето тоа повторно измешајте го за да добиете тесто.
  • Доколку ви е полесно, замесете ја смесата со раце.
  • Кога ќе биде компактна, расучете ја што потенко со сукало.
  • Тестото исечете го на тенки ленти со должина од околу 10 см и печете го во загреано масло од двете страни додека добие златна боја.

Погледнете ги подеталните упатства во видеото во продолжение…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.