Фотографии што го растажија целиот свет: Принцот Жак од Монако не се одвојува од својата помала сестра!

Жак и Габриела од Монако

Откако со другите деца, но и со татко им принцот Алберт, засадиле јужноафриканско дрво во чест на нивната мајка, принцезата Шарлин, која моментално е хоспитализирана поради здравствени проблеми, 6-годишниот принц Жак нежно ја прегрнал својата сестра Габриела, давајќи ѝ со тоа до знаење дека сè ќе биде во ред

Откако мајка им, принцезата Шарлин, поради здравствени проблеми била хоспитализирана на тајна локација, сите очи се вперени во нејзините деца, шестгодишните близнаци, принцот Жак и принцезата Габриела. Затоа, не е ни чудо што фотографиите направени вчера, за време на садењето јужноафриканско дрво во чест на принцезата Шарлин, го обиколиле светот во најкраток можен рок.

Тоа не е воопшто чудно, бидејќи на нив забележан е моментот во кој принцот Жак нежно ја прегрнува својата сестричка, принцезата Габриела. Откако татко им, принцот Алберт, но и другите собрани деца им помогнале во садењето дрво, фаќајќи се и тие самите за лопата и копање, Жак застанал покрај својата сестра и ѝ објаснувал нешто.

Прво ја фатил за рака, а потоа ја ставил својата рака околу нејзините рамена и тој момент бил уловен со фотографските објективи.

Инаку, близнаците со своите цртежи и пораки за поддршка веќе имаат јавно покажано колку им недостасува мајка им, која по девет месеци се вратила од Јужна Африка во Монако, но со нив останала само неколку дена. Како што открил и самиот принц Алберт, таа била хоспитализирана поради својата здравствена состојба.

Додека нејзиниот сопруг тврди дека принцезата има психички проблеми и дека се лекува, Шарлин побегнала со милијардер!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.