Еве која е првата жена на Мајкл Даглас и што му направила: „Требаше многу порано да се разведам од неа!“

Мајкл и Диандра Даглас

Првата сопруга на Мајкл Даглас беше Диандра Даглас

Од 2000 година, актерот Мајкл Даглас е оженет со 25 години помладата колешка Кетрин Зета Џонс, па иако често доживуваат непријатности поради тоа што луѓето претпоставуваат дека значително помладата сопруга му е ќерка, а нивните деца внуци, двојката е во генерално среќна и стабилна врска.

Мајкл и Кетрин се долговечен и популарен пар, па многумина забораваат дека Мајкл пред неа веќе бил во брак.

Денес 77 годишниот актер имал 32 години кога во 1977 година се оженил со 19-годишната Диандра Лукер, ќерка на австралиски дипломат. Една година подоцна го добиле синот Камерон.

Двојката останала заедно 18 години, а Диандра во 1995 година поднела барање за развод. По огорчената правна битка, Диандра добила 45 милиони долари и старателство над нивниот син. Разводот, кој бил поднесен поради „непомирливи разлики“, бил официјализиран во 2000. Неколку години подоцна, Даглас шокирал многумина со коментарот дека тие двајца требало да се разведат многу порано.

„Немам ништо против неа, напротив, мојата прва сопруга ми е многу драга, но требаше да ставиме точка на нашиот брак осум или десет години порано“, рекол тој.

Двојката никогаш не открила зошто дошло до развод на крај, но врежано е мислењето дека им пресудила љубовта на Мајкл кон алкохолот и другите жени.

Една година по разводот започнал врска со својата сегашна сопруга Кетрин Зета Џонс, со која се венчал во 2000, а кратко потоа го добиле првото заедничко дете.

На почетокот од врската со Кетрин, Мајкл сè уште делел вила на Мајорка со поранешната сопруга, така што секој од нив ја користел по шест месеци. Подоцна открил дека тоа не му одговарало никому, а со оглед на тоа што не успеале да ја продадат куќата по посакуваната цена, на крајот, Мајкл ја откупил.

„Беше многу непријатно да се дели вила со мојата поранешна сопруга Диандра. Тоа што секој од нас можеше да престојува во неа по шест месеци не му одговараше никому. Сега средивме сè и куќата е сто отсто наша. Моја и на Кетрин“, рекол тој.

„Никогаш не сум сакал да го изгубам тоа, тука ќе доаѓаат и моите деца и внуци и нивните деца. Сигурен сум дека повеќе генерации ќе доаѓаат на овој прекрасен остров. Кетрин е многу среќна овде, особено сега кога повеќе не ја делиме куќата со Диандра, сега ѝ е многу попријатно“, додал тој.

Мајкл Даглас со емотивно видео ѝ ја честита 21-годишнината од бракот на Кетрин Зета-Џонс
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.