Трансформација на деценијата: Беше огромна, но сега е бомба – за 2 години симнала 50 кг!

Од буцка до секс-бомба

Одлучила и била истрајна. И тоа се исплатило – сега изгледа како милион долари!

Актерката Ребел Вилсон последниве две години доживеа драстична трансформација на изгледот. Имено, таа симнала неверојатни 50 килограми вишок, благодарение на строг режим на исхрана, вежбање и челична волја.

Актерката пред неколку вечери ја водеше церемонијата на доделување награди БАФТА, каде што имаше можност за заблеска во полн сјај и да ја покаже својата вита става.

Ребел носела провокативен црвен фустан со светки и длабоко деколте, а нејзината појава предизвикала овации кај публиката и колегите.

Искрено, тоа воопшто не е чудно со оглед на тоа што оваа Ребел и старата Ребел воопшто не може да се споредат!

Ребел долги години имала сериозен вишок килограми и во еден момент била на граница со морбидна гојазност.

Вниманието на публиката го привлекла и Леди Гага со својот смарагдно зелен фустан, но и ослабената актерка Ребел Вилсон, која во текот на последниве две години изгубила 50 килограми!

Ребел, која до неодамна била во Велика Британија и работела на нов проект, симнала околу 50 кг од почетокот на 2020 година, која ја прогласила своја година на здравјето.

Целиот процес го документирала на своите профили на социјалните мрежи, каде што ја бодреле цела војска следбеници. Со својата посветеност на здравиот живот таа воодушевила многумина, а и многу се пишуваше за нејзината одлука да ги промени навиките и животот од корен, што очигледно ѝ успеало.

Што друго да се каже освен – секоја чест!

До неодамна изгледаше вака: Актерката ослабе 35 кг со 4 едноставни правила! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.