Социјалните мрежи горат поради стајлингот на Брижит Макрон: Овој детаљ на сите им паднал в очи!

Погледнете

Првата дама на Франција се пофалила со скап моден детаљ

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, од кого е 24 години постара, многупати се има најдено на листата на најдобро облечени жени, а со последниот стајлинг уште еднаш докажала дека има наклоност кон скапоцени парчиња со потпис на брендот „Луј Витон“.

Овој пат Брижит се одлучила за сиво сако со нагласени раменици, кое го искомбинирала со панталони со тесен крој. Сето тоа го надополнила со класичен модел на салонки и шарена марама, но и со двобоен модел на чанта на „Луј Витон“.

 

Споменатата чанта што ја креирал актуелниот дизајнер на куќата, Николас Гескуиер, чини 4.000 евра, а токму таа цифра предизвикала лавина од коментари.

Додека некои ја осудуваат што „шета“ скапи парчиња, други ја правдаат со зборовите дека ѝ се може и дека заслужила.

„Не го разбирам ова дрско трошење пари. Ниту Кејт Мидлтон не носи олку скапи парчиња“, „Таа е жена со стил и не може тоа да ѝ се оспори, но добар стајлинг може да се направи и со поевтини парчиња“, се само некои од коментарите.

Вака облечена, секоја жена изгледа барем 5 кг послаба: Брижит Макрон повторно одржала модна лекција со својот стајлинг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.