Ако сопругот ви го кажува ова, сигурно ве изневерува!

Обрнете внимание

Тврди Ејми Купс, најпознатата љубовница

Ејми Купс (32), која излегува само со оженети мажи, открила што е тоа што неверните партнери не сакаат да го дознаат нивните жени, вклучувајќи ги и главните лаги што ги кажуваат и колку трошат на своите љубовници.

Купс е активна и на OnlyFans, а еднаш спомнала дека е запознаена со лагите што мажите им ги кажуваат на нивните сопруги, бидејќи пред неколку години, со тогашниот сопруг поминала низ сето тоа што сега им го прави на другите жени.

Таа сега ги открива главните тајни што сопружниците кои изневеруваат не сакаат да го дознаат нивните партнерки, како и тоа колку скапо може да ги чини среќата на нивната љубовница.

„Мажите трошат повеќе на мене одошто на своите жени. Претпочитам кеш наместо скапи подароци. Ги земам нивните пари за да платам сметки и да се почестам себеси и понекогаш добивам повеќе од 50.000 долари во подароци секој месец“, рекла Ејми.

Според Ејми, една од клучните причини зошто мажите изневеруваат е сексот.

Ако сопругот или дечкото ве изневери, самите сте виновни, барем така вели Ејми.

„Моите љубовници се возбудени во кревет, најмногу поради тоа што со години не биле задоволени, па подготвени се да направат сè што треба за да ме возбудат. Тие имаат тенденција да бидат подиви. Повеќе ми се допаѓаат мажите во доцните 30-ти или 40-ти години, бидејќи се многу поромантични, финансиски постабилни и поискусни во кревет“, раскажала Ејми.

Иако Ејми не жали што е љубовница, споделила неколку корисни совети за жените кои се загрижени дека нивната друга можеби ги изневерува – вклучувајќи ги и главните изговори и лаги што неверниците ги кажуваат:

  • „Вечерва ќе се најдам со другар ми на кратка пијачка, но немој да ме чекаш, бидејќи може ќе потрае.“
  • „Имам состаноци и/или патувам цела недела поради работа“.
  • Ако забележите дека ги користи празниците за да работи, тоа е уште еден знак дека ве изневерува.
  • „Имам нова кредитна картичка, но таа е само за работа“.
  • „Не ми се јавувај на службениот телефон, шефот ќе се вознемирив ако забележи дека примам приватни повици“.
Познатата растурачка на бракови повторно шокира со изјавите: Еве што да правите ако сопругот ве изневерува!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.