Едниот син го погребал, а другиот му го расипува имиџот: Синот на Џо Бајден добил дете со стриптизета и се бори со демони?

Кој е синот на Џо Бајден?

Хантер Бајден завршил право како и татко му Џо, но има турбулентен приватен живот, а Доналд Трамп алудирал на неговите сомнителни бизниси

Џо Бајден победи на изборите за американски претседател, а многумина сметаат дека на таа функција товар ќе му биде синот Хантер.

Педесетгодишниот адвокат кренал прашина со својот приватен живот. Од 2019 година е во брак со Мелиса Коен, и тоа е негов втор брак, а пред неколку месеци добиле дете.

Неговиот прв брак бил со адвокатката Кејтлин Бајден (50), со која добил син Финеган и ќерки Мејси и Наоми, на која ѝ го дал името на покојната сестра што загинала во несреќа кога имала една годинка.

Хантер ја шокирал јавноста во 2017 година кога излегле информации дека е во близок однос со Хали Бајден, вдовицата на неговиот покоен брат Бо, кој починал од тумор на мозокот во 2015 година. Според американските медиуми, тоа го одобрувале татко му Џо и маќеата Џил, а романсата почнала во 2016 година по смртта на Бо. Нивната врска се распаднала во 2019.

Хантер е коосновач на компанијата Rosemont Seneca Partner, а од 2014 до 2019 година, работел во украинска компанија за производство на плин Burisma Holdings. Освен тоа, бил член на управа на шангајска компанија за управување со капитални влогови, а Доналд Трамп алудирал дека татко му Џо ја користел својата политичка положба за да го заштити син му, па ангажирал државен обвинител да покрене истрага за неговите бизниси во странство.

Хантер порано се борел со зависност од алкохол и дрога, а во 2015 година предизвикал скандал кога неговата имејл-адреса се нашла на листата клиенти на страницата за вонбрачни врски Ешли Медисон. Петтото, вонбрачно дете го добил со Лунден Алексис Робертс (29). Таа е стриптизета, како што пишуваат странските медиуми, а татковството било потврдено на суд во Арканзас минатата година.

Додека Хантер крева прашина со својот приватен и професионален живот, неговата полусестра Ешли (39), која Џо ја добил со сопругата Џил, има завидна биографија зад себе. Таа по струка е социјална работничка, а јавноста ја запознала кога нејзиниот татко ја имал должноста на потпретседател на САД во администрација на Барак Обама.

Се занимава со активизам и со моден дизајн, а открила и дека во раната младост стекнала страст кон државните активности, што не е чудно, бидејќи нејзиниот татко цел живот е во политика.

„Татко ми е јавен службеник цел живот, мајка ми е професорка во државно училиште, тоа е во мојата ДНК“, објаснила Ешли во едно интервју во 2017 година.

Студирала културна антропологија на Универзитетот Tulane, а дипломата за социјална работа ја стекнала на Универзитетот во Пенсилванија и била една од 12 студенти кои ја освоиле наградата John Hope Franklin за борба против расизам. Работел во Правниот центар во Делавер, фокусот ѝ бил на кривичното право, а во 2014 година дошла на позиција извршен директор на таа установа.

Ешли 15 години била социјален работник во Одделот за помош на деца, млади и на нивните семејства. Покрај тоа, смислила програма за малолетници и за поддршка на менталното здравје на старателски семејства.

Таа не е се ангажирала само за човечките права, туку и за животинските, а нејзиниот активизам се разбудил уште во основно училиште. Кога одела во четврто одделение, дознала дека нејзиниот омилен бренд на сјај за усни Bonne Bell ги тестира своите производи на животни. Набрзо смислила кампања против таквиот начин на работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Jill Biden (@drbiden) on

Ешли се ангажирала и за да помогне да се спасат делфините и му се обратила на татко ѝ Џо да ја поддржи. Му ја изложила својата програма и го наговорила да се заложи за тоа кај тогашната конгресменка Барбара Боксер. Ешли дури и се појавила пред членовите на Конгресот за да ги поттикне на донесување закон, кој конечно бил донесен во 1991, за да помогне во заштитата на делфините.

Сестраната ќерка на Бајден покренала и свој моден бренд Livelihood чија главна цел е борбата против расна нееднаквост и нееднаквост на платите, а преку него го поддржала и движењето Black Lives Matter.

„Горд сум на неа, од третата година сака да го промени светот“, ја пофалил еднаш Џо својата ќерка.

Таа се активирала и во претседателската кампања на својот татко.

„Денес сум овде бидејќи го обожавам мојот татко, но исто така, длабоко верувам дека тој има карактер и визија за да ја води оваа земја“, раскажала Ешли во август кога била домаќинка на настанот „Жените за Бајден“.

Многу е блиска со полубратот Хантер (50), синот на татко ѝ од првиот брак, а таков однос имала и со починатиот Бо. Еднаш изјавила дека не постои посилна врска од онаа што ги поврзува сестрата и браќата.

Преку покојниот Бо го запознала својот сопруг, оториноларинголог и пластичен хирург, Хауард Креин (39), за кого се омажила во 2012 година. Нејзиниот татко еднаш кажал што мисли за нејзиниот сопруг:

„Тој е вистински маж“, нагласил.

Животната приказна на Џил Бајден, идната прва дама на САД: Џо го запознала на слепо, а тој ја запросувал 5 пати!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.