Животната приказна на Џил Бајден, идната прва дама на САД: Џо го запознала на слепо, а тој ја запросувал 5 пати!

Сопругата на Џо Бајден, кој го победил Доналд Трамп на претседателските избор, веќе ѝ е позната на јавноста, бидејќи ги ја извршувала должноста на втората дама од 2009 до 2017 година, додека нејзиниот сопруг бил потпретседател на САД, во администрација на Барак Обама

Откако демократскиот кандидат Џо Бајден стана 46. претседател на САД, очите на целиот свет се вперени во неговата сопруга Џил Бајден (69), која на местото прва дама на Америка ќе ја замени Меланија Трамп.

Џил Бајден е родена како Џил Трејси Џејков на 5 јуни, 1951 година во Хамонтон, Њу Џерси, а поголемиот дел од детството го поминала со родителите и со четирите помали сестри во Пенсилванија.

Иако сонувала за кариера на модна дизајнерка, па дури и запишала факултет во Пенсилванија, наскоро се откажала од студиите, бидејќи сфатила дека сепак не сака да се занимава со тоа.

Истиот тој период се омажила за Бил Стивенсон, кој на јавноста ѝ е познат како поранешен универзитетски фудбалер. Романсата ја започнале уште во 1969 година, истата година кога матурирала во средно училиште.

Нивна заедничка одлука била да се запишат на факултет во Делавер, а Џил студирала англиски јазик. На факултет нивната љубов згаснала, а сето тоа набрзо резултирало со развод.

За да размисли добро за сè, Џил една година го напуштила факултетот, а по враќањето дипломирала, но и докторирала во областа на образованието.

Поголемиот дел од својата кариера го поминала предавајќи на факултети, а подоцна развила и некои факултетски програми, за што имала поддршка и од Белата куќа.

Нејзиниот краткотраен излет во манекенските води бил пресуден за запознавањето со Џо Бајден, човекот на нејзиниот живот.

Имено, за да заработи за студиите, Џил кратко време работела како манекенка, а нејзината фотографија на рекламата на една автобуска станица го маѓепсала тогашниот американски сенатор Џо Бајден.

Благодарение на своите врски, Бајден ја нашол Џил, па го договориле својот прв состанок на слепо пролетта во 1975 година.

„Можеби работев на некои проектчиња и добивав по 20 долари за секој, но никогаш не бев манекенка“, изјавила во една пригода.

На Твитер го опишала нивниот прв телефонски разговор таа судбоносна година.

„Како го најде овој број?“, го прашала Џо кога прв пат ѝ се јавил и ја изненадил.

Врската со Бајден за неа била изненадување, бидејќи Џо не бил нејзин тип на маж, најмногу поради тоа што бил џентлмен во вистинска смисла на зборот, но и затоа што помеѓу нив имало девет години разлика.

„Ме одведе во кино, го гледавме A Man, a Woman and a Killer и навистина кликнавме. Дојдовме дома, се ракуваше со мене за добра ноќ. Отидов дома и во еден по полноќ ѝ се јавив на мајка ми и ѝ кажав: ‘Мамо, конечно запознав џентлмен’“.

Во времето кога се запознале, тој бил сенатор, додека таа сè уште била на факултет.

„Бев четврта година и излегував со момци во џинс, кломпи и маици со кратки ракави, а Џо ми дојде на врата во спортско сако и мокасини. Си помислив: ‘Боже, ова никогаш нема да функционира, ни за милион години’. Тој е речиси девет години постар од мене“, се присетила.

Открила и дека сопругот пет пати ја запросил пред да каже „да“.

Брачниот пар Бајден има ќерка Ешли Бајден.

Што вели за себе госпоѓа Бајден?

Џил која ја почнала кариерата како учителка, рекла дека е доживотен предавач.

„Предавање – тоа не е она што го правам, тоа сум јас“, напишала на Твитер пред конвенцијата на Демократската партија, во рамките на претседателската кампања.

Џил Бајден има две магистерски дипломи и докторат кој го одбранила во 2007 година на Универзитетот во Делавер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Jill Biden (@drbiden) on

Таа е еден од најзначајните политички советници на сопругот и секако, негов советник во донесувањето лични одлуки. Била скептична во врска со неговата кандидатура за претседателските избор во 1988, но го поддржала во изборната трка во 2008 година.

Таа била првата сопруга на потпретседател на Америка, која продолжила со платена работа. Намерата ѝ е да не се откаже од работата на професор, без разлика дали ќе стане прва дама. На тој начин може да ја модернизира оваа улога.

Во една пригода изјавила дека никој не очекувал дека ќе ја задржи работата откако нејзиниот сопруг ја презел функцијата на потпретседател, како и дека осум години била растргната помеѓу обврските на факултет и во политиката.

„Вечера со најмоќниот човек на планетата и предавања за самохрани мајки“, опишала таа како изгледал нејзиниот живот.

Посетувала и спортски настани како Invictur games во 2017 година во Торонто, кога таа и сопругот се сретнале со принцот Хари, кој е организатор на оваа манифестација.

Џил Бајден со поранешната прва дама Мишел Обама основала иницијатива Joining Forces, која им помага на воените ветерани и нивните семејства. Пред осум години ја објавила книгата Don’t Forget, God Bless Our Troops, базирана на искуствата на нејзините внуци кои пораснале во воено семејство.

Првата сопруга и ќерката му загинале пред Божиќ, синот му умрел од тумор на мозокот! Кој е Џо Бајден?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.