Дознајте кои се дел од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Food категоријата

Кои девојки и момци ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи и кои ќе се појават на насловната страница на „Убавина и здравје“?

Магазинот „Убавина и здравје“ вторпат во Македонија ги избира највлијателните девојки и момци на социјалните мрежи, кои имаат фактор „С“, што значи не само селфи, туку и сила, среќа, слободен дух, супериорност, стил и став. Главен покровител на конкурсот е „Виолета“.


Погледнете дел од учесниците во Food категоријата.

Ана Марија Кузмановска 

Aна Мариjа e 20 годишна девоjка коjа студира диететика и диетотерапиjа на Фармацевтскиот факултет во Скопjе. Уште од мали нозе ужива во готвење и креирање поздрави верзии од незините омилени оброци, а секогаш први дегустатори на оригиналните рецепти се незините помали браќа. Таа води хармоничен живот без стрес и никакви рестрикции поврзани со исхраната, а на нејзиниот Инстаграм профил можете да најдете изобилство од вкусни рецепти и корисни информации за исхраната.

Радица Китевска 

Радица е дипломиран економист и мајка на мало детенце. Нејзината кулинарска приказна започнува уште од најрано детство, растена со љубовта и почитта према храната. Обожава да експериментира со состојките во кујна како и со нивно фотографирање, сака секој оброк да ѝ биде вкусен за душа и совршен за око. Една година е активна на својот Инстаграм профил, година исполнета со многу љубов, труд и посветеност, а за цел има да го разубави денот на сите свои следбеници со рецептите кои секојдневно ги објавува.

Сѐ за храна

Сѐ за храна е инспиративно катче уредено со разни корисни информации за сите категории на луѓе. Истражувања и разработка на храната од повеќе перспективи, размена на испробани рецепти, нови пријателства. Сѐ за храна е виртуелен пријател кој ве учи повеќе за здравата храна, ве мотивира за приготвување на нешто вкусно, брзо и едноставно и, што е најважно, испробано од уредниците, авторите и читателите. Помошник кој ги подобрува вашите кулинарски вештини и ја развива вашата креативност во кујната.


Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.