Џејми Фокс е во врска со 21-годишна пејачка: Актерот демантира!

Села Вејв е 6 години помлада од неговата ќерка

Џејми Фокс (52) е снимен на луксузна јахта со младата пејачка Села Вејв (21).

Популарниот актер Новата 2020-та ја дочекал на својата јахта, заедно со пријателите, но и во друштво на атрактивната млада пејачка во подем Села Вејв, за која веќе некое време се зборува дека му е девојка.

Џејми ги демантирал овие наводи и изјавил дека меѓу него и Села постои само деловен однос. Инаку, таа е шест години помлада од неговата ќерка Корина, но „гулапчињата“ многупати биле видени заедно во јавност.

Откако минатата година почнале да кружат гласини дека двајцата се во љубовна врска, Села на својот инстаграм-профил објави видео-обраќање на актерот во кое тој демантира дека е во љубовен однос со неа.

 

Џејми беше во брак со актерката Кејти Холмс, со која се разведе минатата година поради неговите наводни неверства, погодувате, со Села.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.