Актерката ги шокира обожавателите: Откри дека боледува од дијабетес во бременоста и дека се разведува

Ќерката на славната холивудска актерка Сузан Сарандон, Ева Амури Мартино (34), која е исто така актерка, но се занимава и со блогерство, им соопшти на своите следбеници на социјалните мрежи дека се разведува со сопругот Кајл Мартино.

 


Во последно време се повлеков, не бев на социјалните мрежи бидејќи сакав да им се посветам што е можно повеќе на децата и да се обидам да им олеснам после сè што ни се случи. Кајли Мартино и јас се разведуваме и влегуваме во онаа завршна фаза на разделување кога и технички мора да решиме многу работи, како префрлување на сите комуналии на мое име, што никогаш не е забавно. Тоа е она кога сè почнувате одново, цел живот“, Ева им соопшти на своите следбеници, откривајќи им дека ѝ е дијагностициран гестациски дијабетес во третата бременост.

 

Денеска најмалку 12 пати морав да кажам дека ќе се разведам, а нималку не е забавно кога тоа мора одново да го повторувате пред странци кои ве испрашуваат како да ве познаваат. Како сето тоа да не е доволно, штотуку дознав дека имам гестациски дијабетес, шеќерна болест која се развива во бременоста, што за мене беше голем шок“, напишала и додала дека мора да направи дополнителни тестови и дека тешко се справува со сето она што во овој период ѝ се случува.

Фото: Инстаграм @thehappilyeva

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.