Додека Пипа Милтон се сонча на јахта, папараците ѝ „дишат во врат“ (ФОТО)

Го следат секој нејзин чекор

Пипа Мидлтон (36) празниците ги поминува далеку од студот и маглата, карактеристични за Лондон во зима, во друштво на сопругот Џејмс Метјус, братот Џејмс и неговата свршеница Ализ Тевена, уживајќи на јахта на брегот на Сент Барт на Карибите.

Помладата сестра на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, која се најде во фокусот на јавноста токму на свадбата на својата сестра, по што сите зборуваа за фустанот на Пипа, едногодишниот син Артур ѝ го остави на мајка си Керол Мидлтон за да се релаксира во друштво на своите најблиски. (А како изгледа мајката на Керол Мидлтон во костим за капење, можете да видите ТУКА).

 

Очекувано, згодната мама не остана незабележана од страна на папарацо-фотографите, кои го следат секој нејзин чекор. Тие ја „снимија“ во два различни костими за капење, кои совршено ѝ прилегаат на нејзината вита става.

 

Инаку, семејството престојува во хотелот „Еден Рок“ во сопственост на Спенсер Метјус,  кој му е брат на сопругот на Пипа, Џејмс.

Фото: Instagram @pippa.middleton.matthews

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.