Деновите ги поминува труејќи се со дрога и алкохол, опкружен со згодни жени: Дали е возможно вака да изгледа неговата работа?

Кралот на Инстаграм

Сте чуле за Дан Билзеријан?

Мултимилионерот Дан Билзеријан (39) обожава да троши пари. Сака да се почести и со патувања, а деновиве се наоѓа во Сплит каде што ужива на луксузна јахта со девојки. На социјалните мрежи не открил колку понел со себе, а на видеото се гледаат само три.

Своето богатство го стекнал со професионално играње покер на големи турнири, а поради својот талент за играта, успеал да си обезбеди луксузен и удобен живот. Набрзо станал „крал на Инстаграм“ поради своите објави. Тој секојдневно објавува фотографии од разголени жени со кои ги минува деновите и ноќите.

Дан е еден од најпожелните ергени, но во една прилика објаснил дека не сака да се венчава и зошто го поминува времето со толку жени.

https://www.instagram.com/p/B7VncupHEd_/?utm_source=ig_embed

„Жените се најранливи кога се љубоморни и јас го искористувам тоа. Кога сте со една жена, а потоа своето внимание го насочите на друга, првата ќе полуди. Љубоморната жена ќе направи сè за да го врати вашето внимание и љубов. Ако го направите тоа, истото ќе се случи со втората жена. Јас го применувам тој систем, само на поголем број жени“, раскажал коцкарот, па продолжил:

„Тие се трудат да ме задоволат мене и меѓусебно се натпреваруваат која ќе биде подобра кон мене. Тоа ми го разубавува животот. Славата и парите играат улога. Веројатно повеќето од нив не би биле со мене, ако го немав тоа. Што се однесува до бракот, јас не сум човек за тоа, но ги разбирам оние што сакаат да најдат некого и да имаат деца. Можеби и јас ќе бидам тоа еден ден.“

Дан признава дека е зависник од секс и мисли дека не би бил задоволен кога би бил само со една жена. Но една сепак успеала да го распамети пред неколку години.

Станува збор за 24 години помладата манекенка Софија Беверли, која овој мултимилионер своевремено ја опишувал како „супер секси и паметна“. Се запознале на една од неговите забави на базен, но не било многу романтично…

https://www.instagram.com/p/CBgOFvjDsgX/

„Мислам дека тој ден пред неа спиев со уште три девојки“, рекол тогаш Дан.

Но успеал да ја освои, а и таа него.

„Поинаква е од другите. Паметна е. Ѝ се допаѓаа многу работи што и мене ми се допаѓаат“, раскажувал Билзеријан своевремено за Софија.

Но нивната љубов и неговата моногамна врска не потрајала долго, бидејќи денес повторно организира разуздани забави.

Позадината на тие забави во една прилика ја открила поранешната ѕвезда од реални шоуа, Кејтлин Исхам, која имала можност да биде дел од една од најразузданите и најпопуларните забави на светот.

https://www.instagram.com/p/B8boc2FHppY/?utm_source=ig_embed

Пред две години таа открила дека била на забава организирана во чест на новата компанија на Дан, Ignite Cannabis Co., на која имало многу рапери и спортисти, а што се однесува до девојките и дружењето, влезот им бил дозволен само на оние со многу атрактивен изглед.

„Слушнав дека организира забава, па му испратив порака на неговиот тим да прашам дали може да дојдам. Нивниот одговор беше јасен, а гласеше дека само атрактивни жени може да бидат присутни. Никогаш претходно не сум била во толку скапа куќа. Имаше прекрасни жени насекаде“, почнала Кејтлин, па додала:

„Кога конечно го здогледав Дан, собрав храброст да му пријдам и да му се обратам. Му се претставив како неговата следна сродна душа. Му раскажав како нашите хороскопски знаци се компатибилни и дека сакам да бидам негова идна мамичка“, искрено признала таа.

Но наместо да ја прифати примамливата понуда на Кејтлин, Дан пристојно се насмевнал и ѝ се заблагодарил на поранешната ѕвезда, пред да ѝ се извини и да отиде да се поздравува со останатите гости.

https://www.instagram.com/p/B-WdG2aHgEQ/?utm_source=ig_embed

„Го насмеаја моите слатки коментари и ми се заблагодари за присуството. Беше многу љубезен и ме погледна право в очи. Не ми побара број, но се надевам дека му оставив добар впечаток и за следната забава“, заклучила таа.

Дан најчесто патува, прави забави и буквално секогаш е опкружен со прекрасни жени, па не се вознемирува многу поради тоа што многу играчи на покер откриле дека има лоши тактики и дека сигурно не ги заработил милионите со играње покер. Се шушка и дека поради дивиот начин на живот, кој изобилува со алкохол и друга, дури два пати имал срцев удар, но тој не се откажува од него.

https://www.instagram.com/p/CBKsRhdnX2r/?utm_source=ig_embed

„Јас сум едно големо дете. Но не е точно дека самиот себеси се нарекува крал на Инстаграм. Го објавувам она што луѓето сакаат да го видат и тоа едноставно се случи“, рекол Билзеријан пред неколку години.

Тој е милионер и плејбој: Изгледа дека само ова му требало во животот за да биде среќен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.