Ужива во базен, се храни од своја градина, направила рај за децата: Ѕирнете во луксузната куќа на Сека Алексиќ! (ФОТО)

Создадено за уживање

Прекрасната градина моментално е нејзината оаза на мирот

Сека Алексиќ одлучила својот дом од 450 квадрати да го направи далеку од градскиот метеж, во природа. Со сопругот Вељко и двата сина, Јаков и Јован, изградила вистинска оаза на љубовта и мирот во Стара Пазова. Со оглед на тоа што пејачката е голема љубителка на животни, на нивниот имот има и неколку кучиња.

Деновиве најголемо внимание привлекува дворот на куќата на Сека од дури 100 ари, каде што со децата ужива по цел ден. Покрај базенот, трамболината и зелените површини, Сека направила вистинска градина околу куќата. Ја обожава природата, па одлучила целиот амбиент да го уреди со природни материјали, меѓу кои доминира дрвото.

https://www.instagram.com/p/CCW1KTzHKUY/?utm_source=ig_embed

Сè е прилагодено за Јаков и Јован, па деталите во дворот на Сека се минимални. Јаков може безбедно да трча и да си игра речиси во секој агол.

https://www.instagram.com/p/CCWLY0RHkKE/?utm_source=ig_embed

Сека во дел од дворот направила и своја градина, каде што одгледува органски производи и на тој начин максимално се храни здраво.

https://www.instagram.com/p/CCJyeALHroC/?utm_source=ig_embed

Сека Алексиќ е една од ретките српски пејачки која може да се пофали со хармоничен брак, во која љубовта со секој нареден ден станува сè посилна и посилна. Поради тоа, во нејзиниот дом љубовта се чувствува на секој чекор.

https://www.instagram.com/p/CADfFOGHzi2/?utm_source=ig_embed

Семејните фотографии се речиси насекаде, а како голема верничка, Сека дел од ѕидот го покрила со икони.

https://www.instagram.com/p/CBvxYuWnwjb/?utm_source=ig_embed

Освен со пространа дневна соба, трпезарија и кујна, како и неколку спални соби, Сека може да се пофали и со цела просторија која ја претворила во гардеробер.

https://www.instagram.com/p/BfrBm-hFDC9/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B73rGtlnFP6/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B7xv7U7nxar/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bp-JPUTh5jc/?utm_source=ig_embed

Поглед од височина: Вака изгледа имотот на Сека Алексиќ снимен со дрон (ВИДЕО)

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.