Бремената сопруга и петте деца ги оставил дома, па отишол на базен со неколку девојки: Боксерот тврди дека жена му нема ништо против!

Папараците го уловиле

Тајсон Фјури е сигурен дека неговата сопруга нема ништо против неговото капење со убавици, но нејзиниот инстаграм-профил говори поинаку

Славниот боксер Тајсон Фјури (32) пред неколку дена бил уловен во друштво на убавици во бикини со кои се дружел на базен во Мајами, а изгледа дека тоа не ѝ се допаднало многу на неговата сопруга. Парис Фјури на Инстаграм објавила фотографија на која го покрила венчалниот прстен.

„Кога излегувањето надвор буквално значи излегување низ врата“, напишала Парис на Инстаграм под фотографијата на која позира сама, а во коментарите многумина почнале да се расправаат дали планира да му испрати некаква порака на сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Fury (@parisfury1)


„Некој некому му испраќа порака“, „Се надевам дека си добро“, „Се надевам дека не го криеш венчалниот прстен поради сите написи во медиумите“, „Никогаш немојте да им се плеткате во врската на други луѓе“, се само некои од коментарите под нејзината фотографија.

Тајсон и Парис се запознале кога таа имала само 15 години, а врската ја започнале откако таа го прославила 16-от роденден. Се венчале во 2008 година, а заедно добиле пет деца.

Откако биле обелоденети спорните фотографии, Тајсон се пошегувал на своја сметка и прокоментирал дека нема потреба да покажуваат само слики од занесни убавици. Рекол и дека сè функционира совршено помеѓу него и сопругата и дека бракот сега им е поцврст од кога било претходно.

Викторија Бекам му го прости неверството на Дејвид Бекам, но дали тој ќе го стори истото?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.