Вечерва трета епизода од „Заблескај“ – „Ова е многу тешко, има многу добри кандидати, одлуката не е едноставна!“

Бојана Скендеровски и композиторот Николче Мицевски во улога на жири

Вечерва, со почеток во 21 часот, на јутјуб-каналот на „Убавина и здравје“ ќе биде прикажана третата емисија, односно аудиција, а кандидатите ќе ги оценуваат пејачката Бојана Скендеровски и композиторот и музичар, Николче Мицевски.

Овој двоец ќе го прогласи и третиот полуфиналист.

Бојана својата музичка кариера ја започна преку музичкото талент шоу „Заблескај“, а после тоа следуваа голем број на хитови како што се „Око мое“, „Во дилема“, „Кон небото“, „Како можев“, „Круна“….

Токму темата „Круна“ која ја објави кон крајот на минатата година е авторско дело на композиторот Николче Мицевски со кого жирираат заедно во ова издание на „Заблескај“.

Мицевски неодамна го промовираше својот нов проект „Круг“, а ги потпишува и најголемите хитови на Каролина Гочева од последните два албуми, односно „Македонско девојче 1 и 2“.

Во полуфиналето ќе настапат минимум 12 полуфиналисти, од кои првите шест ќе ги избира жирито во секоја емисија по еден, а втората шестка ќе биде соопштена дополнително, секако, во консултација со главното жири, кое ќе жирира само во полуфиналето и финалето.

Победникот добива дует со едната и единствена Елена Ристеска!

Музичкото талент-шоу „Заблескај“ е поддржано од „Орбит“ и „Франк-кафе“.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.