Свирете крај! Саша Поповиќ по толку години јавно заплача, солзите сами течат (фото)
Добро и толку што издржа со вакво жири...
Изгледа неверојатно, но навистина се случи…
Изгледа неверојатно, но навистина се случи, Саша Поповиќ се расплака во Ѕвездите на Гранд и тоа поради жирито.
Се започна со Снежана Ѓуришиќ, која за време на снимањето на креативниот директор на Гранд му ја отпеа песната на Шабан Шаулиќ „Jedan čovek nočas plače“.
Сепак Снежана направи мали измени во зборовите, па нејзината верзија гласеше:
„Еден Саша плаче вечерва, не знае да ја скрие тагата“.
Веднаш потоа, во еден глас, се придружија и останатите членови на жирито, на што Поповиќ не остана имун.
Обземен од емоции, креативниот директор призна дека никогаш не би ја сменил оваа постава на жирито, бидејќи тие знаат да направат шоу.
„Многумина се прашуваат зошто жирито е секогаш исто, затоа што е најдобро“, емотивно истакна Поповиќ, но набрзо се врати на „старите поставки“ и му одржа лекција на Ѓорѓе Давид.
Правилото за коментирање од 30 секунди го извади рокерот од такт, а тој се обиде да објасни дека тоа време не му е доволно.
„Слушам што зборуваат овде“, се обиде да каже Ѓорѓе, но Поповиќ налутено го прекина.
По жестоката дебата во студио и мрморење меѓу членовите на жирито, Марија Шерифовиќ откри кој „долеа масло на огнот“.
„Сето тоа тивко, во мир и тишина го започна Драган Стојковиќ Босанац. Седам овде и гледам се што прави господинот“, истакна Марија.
Фото: принтскрин Јутјуб и Инстаграм
Коментарите се заклучени.