Имал 107 операции за да го смени полот и да стане Барби: Кожата му се распаѓа, а еве од каде му се парите за сите процедури!

Користи пари од наследство

Родриго Алвес сега е Џесика Алвес – пред две години сакал да стане жив Кен, а сега решил да стане жива Барби

Џесика Алвес живее за да се средува и да излегува во јавност, за да ја фотографираат папараците со новиот љубовник. Таа живее и се однесува како Барби. Има долга коса, бујни гради и секогаш е тип-топ нашминкана.

Сепак, гостувањата во разни телевизии и реални програми покажале дека Џесика има сериозен проблем: кожата почнала да ѝ се распаѓа и скапува, додека докторите велат дека сега не би смеела да направи ниту една единствена операција, инаку ќе умре.

Џесика потрошила околу 600.000 фунти на 107 процедури за разубавување, бидејќи првично сакала да стане Кен, за подоцна да стане Барби.

Родена е во Бразил во добро ситуирано семејство, кое се занимава со трговија, но Џесика не ги троши нивните пари за своите промени. Парите што ги дава на подобрувањето на својот изглед се наследени од баба ѝ и дедо ѝ.

Таа од 18 години не живее со своите родители, туку среќата ја пронашла во Америка. Со оглед на тоа што е јавна личност, сите го коментираат нејзиниот нападен изглед, што страшно ја оптоварува.

„По операциите за промена на полот станав поженствена. И тоа им пречи на луѓето, особено на некои жени“, вели Џесика која открила дека сега најважно ѝ е да најде љубов.

Џесика работи како коментаторка и водителка на разни ТВ-емисии во Италија, Шпанија и Обединетото Кралство.

„Јас само барам љубов. Наскоро ќе бидам во Сао Паоло за Божиќ, а кој знае, можеби Дедо Мраз ќе ми подари згоден Бразилец“, изјавила Џесика.

Џесика е родена во Сао Паоло во 1983 година од мајка Бразилка и татко Британец. Се преселила во Лондон кога имала 18 години за да студира односи со јавност.

Направила сè за да личи на жена, но не му се допаднала на ниту еден маж: Сега очајно се обидува да заведе старец
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.