Викторија Бекам му го прости неверството на Дејвид Бекам, но дали тој ќе го стори истото?

Бракот им висел на конец

Фото: Getty Images

„Ако не ми се јавиш, следниот пат кога ќе те видам ќе те удрам меѓу нозете“, му се закани Викторија Адамс, член на популарната женска група „Спајс грлс“, на популарниот фудбалер Дејвид Бекам додека во 1997 година излегуваше од клубот на стадионот на Манчестер јунајтед.

Иако беше сомничава кон фубалерот, бидејќи неговото однесување отсекогаш ја одбивало, гладот за славата сепак превагнал, па на крај попуштила и годинава слави 21 година брак со него.

Но во нивниот брак секогаш не цветале ружи. Иако денес изгледаат како идилично и складно семејство, во 2004 година поради прељубата на фудбалерот со неговата лична асистентка, Викторија била готова да се разведе со него.

Ребека Лус, приватната асистентка на Дејвид, за се’ ја информира јавноста споделувајќи ги и сочните тајни од сексуалниот живот со Бекам. Иако беше погодена од прељубата, за која напиша ипесна, бракот не пропадна, а денес се најсреќни досега. Барем до неодамна беа, а идилата ја расипа појавувањето на трето лице – Пош, кој за британските медиуми откри детали од тајниот однос меѓу него и Викторија.

Кога веќе ја почна врската со Дејвид, Викторија се гледаше и со мене. Ми велеше дека ме сака и дека е со него само затоа што така ја советувал менаџерот. Во неа видел голем потенцијал и едноставно ѝ наредил да најде некој познат и славен. Практично беше присилена на тоа. Се сакавме и се гледавме една година потоа. Поминавме незаборавни ноќи на кои со задоволство се сеќавам. Таа е неверојатна љубовница. Да не ѝ беше наметнат Дејвид, сигурен сум дека ќе останевме заедно“, изјави мажот, кој не сакал да го открие идентитетот, но британските медиуми наведуваат дека станува збор за музичар што не се прослави, па денес се занимава со друга работа. Викторија не се огласи по повод на овие наводи, а нејзините блиски пријателки изјавија дека станува збор за чисти измислици.

 

 

View this post on Instagram

 

Dancing till 6am! Kisses and happy 21st birthday @brooklynbeckham X I love u so much @davidbeckham 🎈x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on


Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.