Бред Пит се пошегува со Британија и со принцот Хари во присуство на постариот принц Вилијам (ВИДЕО)

На доделувањето 73-те престижни британски филмски и телевизиски награди  БАФТА вчеравечер во Лондон, награда за најдобра споредна машка улога доби Бред Пит за филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“.

Бидејќи популарниот актер не беше присутен во „Ројал Алберт Хол“, наградата ја прими неговата колешка Марго Роби, која им се заблагодари на присутните и го прочита неговиот говор.

Имено, Бред Пит се пошегува со брегзит, честитајќи им го на Британците сингл-статусот, и со „мегзит“, истакнувајќи дека оваа награда ќе ја именува Хари, поради тоа што ќе си ја земе со него назад во САД.

Принцот Вилијам и Кејт, кои беа присутни во салата, мораа да се насмеат, но сепак ситуацијата беше чудна и малку непријатна.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.