Каде исчезнала принцезата и кој бил човекот за кого се верува дека ѝ бил љубовник? Теорија на заговор или вистина?

Каде е Кејт Милдтон и кој е нејзиниот љубовник?

И покрај последните информации дека принцезата била видена на шопинг со принцот Вилијам, јавноста сè уште не се смирува

Мистеријата околу исчезнувањето на британската принцеза е тема број еден во светот, а сега се спомнува и еден маж, за кого се шпекулира дека ѝ бил љубовник на Кејт Мидлтон. Притоа, тој претходно, наводно, бил во врска со сестра ѝ на Кејт, но и со поранешна девојка на принцот Вилијам.

Теориите на заговор за Кејт Мидлтон растат сè повеќе и повеќе, пред сè, затоа што британското кралско семејство не дава конкретни и целосни информации за тоа каде е таа со месеци и што точно ѝ се случило. Наместо тоа, се појави фотошопирана фотографија од Кејт Мидлтон, на која таа, наводно, позира со децата, а всушност најверојатно станува збор за монтажа на стари фотографии.

И додека се нижат прашањата за тоа зошто се крие состојбата на идната британска кралица, се рашири и приказна за нејзината наводна афера.

Покрај озборувањата дека принцот Вилијам има љубовница, сега се поврзува едно име и со Кејт – Томас Кингстон. А за да бидат нештата поинтересни, Томас некогаш бил во врска со Пипа Мидлтон, родената сестра на Кејт, но не само со неа туку и со поранешна девојка на принцот Вилијам.

Мажот за кого се зборува дека ѝ бил љубовник на принцезата од Велс неодамна трагично починал на 45 години. Тој бил успешен бизнисмен и сопруг на леди Габриела, блиска роднина на кралот Чарлс и кралицата Елизабета.

Пошироката јавност дознала за него на 25 февруари кога беше соопштено дека бил пронајден мртов. Имал 45 години. На погребот, на приватна служба со 140 луѓе, присуствувал и принцот Вилијам.

Томас бил пронајден со фатална повреда на главата, а иако причината за смртта не била веднаш утврдена, навеле дека немало сомнителни околности. Во официјалното соопштение пишувало дека станувало збор за самоубиство, а покрај неговото тело бил пронајден пиштол.

Кингстон бил директор во финансиската компанија Davenport Capital во Лондон. Неговата кралска венчавка со леди Габриела се одржала во март 2019 година и оттогаш тој станал дел од високите британски кругови и од свеченостите што ги организирала палатата.

Претходно Томас дипломирал економска историја на Универзитетот Бристол, па почнал да работи во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство. Неколку години работел во Ирак, како посредник во конфликти и помагал во преговорите за ослободување заложници. Потоа, преминал во светот на финансиите.

Но најинтересно е тоа што Томас Кингстон имал многу интересен љубовен живот. Пред леди Габриела го поврзувале со Натали Хикс-Лобек, поранешна девојка на принцот Вилијам, а во 2011 година бил во врска со Пипа Мидлтон.

Нивната врска на траела долго, но останале пријатели. Биле видени заедно на повеќе настани, а тој и Габриела присуствувале и на венчавката на Пипа.

Многу теоретичари на заговори сега тврдат дека тајната љубов со Кејт можеби е причината за нејзиното исчезнување, но и за трагичната смрт на Томас. Секако, нема докази за такво нешто.

Каде исчезнала принцезата Кејт Мидлтон е прашањето за коешто сè уште нема конкретен одговор.

Кејт Мидлтон видена во јавност: Откриено со кого била и како изгледала!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.