„Од љубов си родена и си највредното нешто што го имам во животот“: Наташа Беквалац со емотивна објава и го честита роденденот на својата ќерка (ВИДЕО/ФОТО)

Но што и подари...

Кој колку има…

Пред 17 години Наташа и српскиот ватерполист Данило Икодиновиќ ја добија ќерката Хана. Иако нивниот брак траеше само пет години, Данило беше една од најголемите љубови на Наташа, а се разведоа во 2011 година.

Пејачката сега со емотивни зборови на Инстаграм и го честиташе роденденот на нивната ќерка:

„Ти си родена од љубов која се случува само еднаш, а 17 години ја живеам љубовта за која сонував со тебе. Без условна љубов. Ти си највредното нешто што го имам во мојот живот, ти си најдобрата ќерка на светот, секој чекор што го правиш, запомни, секој, горда сум. Хана… Милостива, милосрдна, паметна и разумна. Онаа кој носи радост и среќа, предвесник на среќата“, напиша Беквалац.

Потоа кусо додаде:

„Сè што значи твоето име, тоа си ти за мене. Те сака мајка ти, среќен роденден“.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.