Боба Живојиновиќ: „Јас цел живот сум ѝ сопруг на Лепа Брена!“

Заспивал со нејзините песни

Славниот тенисер Слободан Живојиновиќ во едно скорашно интервју првпат јавно зборуваше за својот живот и за бракот со популарната пејачка Лепа Брена.

Од парите што ги зараотив од тенисот за две недели ја создадов ‘Гранд-продукција’. По неколку месеци, ни изгоре студиото, се’ што вложив исчезна преку ноќ. Тогаш дојде Саша Поповиќ и ме праша: ‘Што ќе правиме сега?’, а јас му одговорив: ‘Ќе направиме поголемо и поубаво студио!’ Морам да признам дека Саша Поповиќ направи вистински медиумски бизнис“, изјави Боба, осврнувајќи се и на бракот со популарнатав пејачка.

Јас целиот живот сум ѝ сопруг на Лепа Брена. Кога бев мал, мајка ми ми ја пушташе Лепа Брена и јас така заспивав“, додава поранешниот тенисер, кој е три години помлад од Брена, со која стапи во брак во 1991 година.

Боба истакна дека Брена е глава на куќата.

И Брена го знае тоа. Уживаме, се сакаме, се почитуваме. Од кога започна короната, ние сме заедно 24 часа. Нашиот однос стана уште посилен. Во бракот мора да постојат почит и компромис“, изјави Живојиновиќ, додавајќи дека семејството е неговиот најголем успех, но дека во денешно време е многу тешко да се одржи брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Семејството е мојот најголем успех во животот. Тоа е нешто најсветло што човек може да доживее. Мојата желба беше да создадам такво семејство во кое сите меѓу себе ќе делиме љубов, почит. Ние сме специфични, секој си има своја слобода, но кога на крајот ќе се прегрнеме сите, тоа е тоа“, вели сопругот на Слободан Боба Живојиновиќ.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.