Одблиску со Марија Цветановска, девојката која има низа освоени светски награди: „После Шпанија и Италија, на ред е Македонија!

Го остварува својот сон преку „Заблескај“

Четврта полуфиналистка во „Заблескај“ е Марија Цветановска. Ова е одлуката која што ја донесоа Антониа Гиговска и нејзиниот дечко Иван Јованов, фронтмен на составот „Либеро бенд“, двојката која жирираше во четвртата емисија од музичкото талент шоу.

Во краткото интервју за „Убавина и здравје“, Марија откри дека со музика се занимава уште од своја најрана возраст.

Со музика се занимавам уште од мали нозе, од мојата седма година кога за прв пат настапив на детскиот фестивал „Сидо“ во Битола. После тоа сум настапувала на голем број натпревари во Бугарија, Србија, Хрватска а како најголеми успеси би ги издвоила второто место на еден меѓународен фестивал во Шпанија,претставувањето на Македонија во финалето на Сан ремо Јуниор во Италија и финалето на македонското шоу „Ѕвезда број 1“, раскажа талентираната Марија.

Таа призна кои се нејзини очекувања од „Заблескај“, па откри дека за 10 години од сега се гледа како пејачка.

Моите очекувања и желби се што повеке да ме запознае македонската сцена и македонските музичари со кои во иднина би добила прилика за соработка и нормално би сакала да снимам дует со Елена.Искрено се надевам дека за 10 години од сега ќе сум во студио снимајќи песни и на сцена, додаде Марија.

Вечерва во 21 часот следува уште една премиера на „Заблескај“. Претплатете се на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје“ и следете не!

Дотогаш, ако не сте ја погледнете четвртата емисија, еве можност за тоа:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.