Бакнежот што Оскар Ајзак ѝ го даде на Џесика Честејн ќе остане запаметен во историјата на филмските фестивали (ВИДЕО)

Зар ова не е најсензуалниот момент на црвениот тепих?

На црвениот килим на филмскиот фестивал во Венеција се случи историска сцена полна со страста и шармот на еден актер, која веројатно нема да се повтори за милион години на друг филмски фестивал.

Но, да почнеме од почеток: како се случи тоа?

Ѕвездите на новата серија „Сцени од бракот“, Оскар Ајзак и Џесика Честејн, прошетаа по црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, по повод премиерата на оваа серија на HBO.

Препознатлива по своите беспрекорни стајлинзи – Џесика носеше долг црвен фустан на „Версаче“ и дијамантски ѓердан го красеше нејзиниот врат, а Оскар во црн костум на „Прада“, позираше со неа пред фоторепортерите на овој настан.

Додека огнената црвенокоса актерка ја потпираше раката на рамото на својотколега, тој го искористи моментот, пред сите присутни, да му се восхитува на нејзиниот бицепс, кој потоа страсно го бакна.

Овој потег на колегата не ја изненади и шармира само Џесика туку и целиот свет што ја гледаше оваа сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine)

Иако страсната сцена меѓу оваа двојка целосно не’ остави без здив, меѓу Џесика и Оскар, всушност, не постои ништо повеќе од долгогодишно пријателство, кое датира уште од 2000-тите, кога заедно студирале глума.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.