Астрологијата открива кој е омилениот вид предигра на вашиот хороскопски знак
Не е лошо да се знае
Доколку се обидувате да ја разгорите страста помеѓу вас и вашиот партнер за заемно да уживате претстојната ноќ, знајте дека астрологијата може да ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите.
Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец
Дел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.
Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец
Страст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.

Воздушни знаци: Близнаци, Терезија и Водолија
Овие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.
Совет: ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси СМС-порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.
Водни знаци: Рак, Скорпија и Риби
Романтичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер.
Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се премислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.
Совет: магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тој ќе го „прочита“ она што го чувствувате за него преку вашиот поглед. Кога им се обраќате на овие знаци кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршафите и еден куп бакнежи.
Фото: Getty Images