Анџелина решила да го спречи смирувањето на Бред и Џенифер: Или ќе се разделат или на сите ќе им го загорчи животот!

Стар љубовен триаголник

Извори велат дека Анџелина ги држи сите конци во свои раце

Светот и понатаму не престанува да зборува за поранешните сопружници Бред Пит (56) и Џенифер Анистон (50), кои неодамна го украдоа целото внимание на црвениот тепих за време на доделувањето награди САГ.

Освен што медиумите се распишаа за нив двајца, во центарот на вниманието повторно се најде и поранешната сопруга на Бред, Анџелина Џоли (44) за која тврдат дека е одлучна во намерата (повторно) да го уништи односот на Бред и Џенифер.

Наводно, еден анонимен извор раскажал дека Анџелина одлучила и во приватниот живот да биде вештерката Малефисент, која ја оживеа во истоимениот филм, и со сите сили се труди да го загорчи односот на нејзиниот поранешен сопруг со неговата поранешна сопруга.

Нејзиниот прв чекор кон постигнувањето на целта е да „удри“ по паричникот на Бред.

„Таа ги држи конците во раце кога станува збор за нивниот развод и нема да биде изненадување ако побара неколку милиони повеќе само за да го задржи Бред за себе. Никако не е добро за него да ја налути Анџелина“, раскажал изворот за медиумите и додал дека или ќе биде по нејзино или на сите останати ќе им го загорчи животот.

Меѓутоа, други медиумите тврдат дека таквите наводи се невистинити, бидејќи се темелат на приказната дека Бред и Џенифер се смириле, а за тоа се’ уште нема официјална потврда.

Американскиот портал Gossip Cop тврди дека поранешните сопружници се само добри пријатели и дека тоа што Анџелина и Џенифер никогаш не се сакале, не е доволна причина за Анџелина да биде претставена како вештерката Малефисент.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.