Вака се облекуваат самоуверените и успешни жени!

Учете од најдобрите

Може многу работи да се заклучат за една жена врз основа на тоа како се облекува

Жените што зрачат со самодоверба имаат свој изграден стил и кога една таква личност ќе се појави во просторијата, не е возможно да не биде забележана.

Еве што има во плакарот на среќните жени кои целосно се сакаат себеси…

Облека во боја

Сигурните жени најчесто одбираат гардероба со интензивни бои. Не се плашат да експериментираат и понекогаш комбинираат бои што тешко е да се замислат заедно. Тие се бестрашни и не ги интересира туѓото мислење. Задоволните жени сакаат да се истакнуваат.

Облека што го нагласува телото

Кога жената е задоволна со себе, најчесто сака и да го нагласи тоа. Жените што го сакаат своето тело, го истакнуваат најдоброто од него со гардеробата.

 

Ги следат трендовите

Не ги следат трендовите по секоја цена, но сакаат да го одберат она што најмногу им се допаѓа од морето новитети и секоја сезона пробуваат нешто поинакво. Си играат со стиловите и никогаш не може да се каже за нивните модни комбинации дека не се интересни.

Модни додатоци

Впечатливите парчиња накит заземаат голем дел од нивните колекции. Секој стајлинг е придружен со парчиња што оставаат личен печат.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.