Ал Пачино излегува со 58 години помлада девојка: Таа претходно била во врска со Џегер и Клинт Иствуд!

Верувале или не

Нам ни е смешно кога човек од 80 години излегува со девојка од 28 години, но во Холивуд тоа е нормално

Ал Пачино (81) не се откажува од љубовта. Неодамна бил виден во друштво на ТВ-продуцентката Нур Алфалах (28). Двојката била на вечера, а странските медиуми пренесуваат дека станувало збор за љубовен состанок.

Ал Пачино бил облечен во црно од глава до пети, додека Нур носела кожена јакна и тесни панталони. Двојката заедно заминала со автомобил во непознат правец.

Оваа приказна е уште поинтересна со оглед на тоа што Нур била во врска со Мик Џегер и Клинт Иствуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

„Срцето не прашува за години, срцето само знае за тоа што го чувствува. Тоа ми беше првата сериозна врска и бев многу среќна“, рекла Нур во една пригода, опишувајќи ја врската со Џегер.

Ал Пачино се сопнал на црвениот тепих додека чекорел со својата 39 години помлада девојка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.