Ал Пачино се сопнал на црвениот тепих додека чекорел со својата 39 години помлада девојка!

Не го очекувал ова

Блам од светски размери

Ал Пачино (79) доживеал блам од светски размери кога паднал на црвениот тепих на доделувањето награди БАФТА додека пристигнувал со својата девојка (40).

Сигурно со задоволство би го заборавил моментот кога на црвениот тепих се испружил колку што е долг и широк и завршил на подот. Ал Пачино, според странските медиуми, изгубил рамнотежа и паднал додека чекорел низ салата Алберт во Лондон каде што се одржувала свеченоста, а израелската убавица се обидувала да му помогне.

Секако дека папараците сето ова го фатиле на камера. Блицовите светкале на сите страни, бидејќи ова во никој случај не е пријатно да се доживее.

Освен тоа, 73-тото доделување на филмски награди БАФТА ќе остане запаметено и по појавувањето на актерот со 39 години помладата Мајтл Дохан.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време