Ивана од „Hurricane“ е бремена и чека дете со српски политичар?!

Пејачката ниту демантира, ниту потврдува...

Фото: Инстаграм

Урагинката Ивана Николиќ наводно се „смувала“ со поранешното момче на Едита Арадиновиќ, хирургот и политичар Андреј Бајец и сега чекаат бебе – дознава „Република“.

Имено, Николиќ наводно не сака да се дознае дека е во блажена состојба, па планира да крие се додека не почнат да се забележуваат промените.

Фото: Фејсбук

„Ивана и Андреј не се одвојуваат и се гледа дека љубовта им цвета. На неа и е супер со него, тој ја држи како вода на дланка, а дека е бремена, таа такво нешто нема кажано на никој, дури ниту на најблиските. Но, од друга страна по нејзината насмевка сфатиле дека нејверојатно тоа е точно. Тие неодамна биле видени заедно на изборната ноќ, каде биле блиски како никогаш до тогаш, а Ивана цело време се обидувала да се сокрие од папараците – открил извор близок до пејачката.

Да потсетиме, откако се запознале Ивана и Андреј тие се во врска, но таа максимално ја почитува неговата одлука да не се експонираат јавно. Андреј слично постапил и кога беше во врска со Едита. Причината поради тоа беше што тој беше во брак со неговата официјална сопруга со која има син, иако не живееа заедно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.