Пролетен хит на Џесика Алба во корална варијанта (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Холивудската актерка ја знае тајната на добриот стил и често го докажува тоа!

Пред неколку дена, 40-годишната актерка гостуваше во шоуто на Кели Кларксон, и за таа пригода избра лежеррна шик-комбинација, која најдобро го опишува нејзиниот стил.

Фустанот на Каролина Херера во корална боја, со кратки ракави и макси-должина, украсен со детали во форма на предимензионирани извезени цветови, совршено го искомбинира со сандали со високи потпетици во истата вибрантна нијанса.

Монохроматскиот аутфит го комплетираше со златен додаток, со нанижани алки на зглобовите на двете раце и комплет златни чокер-ѓердани, со приврзок во форма на огромен кристал.

Додека препознатливиот лоб го носеше нежно разбрануван, додека, пак, шминката ѝ беше во неутрални тонови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.