Актерката тврди дека нејзините огромни гради се природни: Негира дека ставила силикони, но старите слики го докажуваат спротивното!

Што мислите вие?

Откако се појави на доделувањето „Златни глобуси“, главна тема на социјалните мрежи станаа градите на Селма Хаек, за кои таа тврди дека се природни

Селма Хаек отсекогаш важела за една од најубавите актерки во Холивуд, а последниве неколку години многу почесто се зборува за нејзиниот изглед отколку за нејзините улоги и за професионалниот успех.

Нејзините бујни гради повторно го украле сето внимание на папараците, кога неодамна се појавила на доделувањето „Златни глобуси“, што не е ни чудно со оглед на тоа што нејзиното бујно деколте било ставено во прв план.

Селма позирала во долг, божествен фустан на „Гучи“ и иако се чини дека актерката ја довела својата фигура до совршенство, откако ослабела уште повеќе, нејзините гради се поголеми од кога било претходно!

Всушност, многумина коментирале дека нејзините гради изгледаат како „два огромни балони“, дека претерала и дека не ѝ прилегаат на нејзината градба, а на социјалните мрежи се шират разни теории. Меѓутоа, Селма ги негира сите наводни операции.

Таа се огласила минатата година во емисијата Red Table Talk и истакнала дека деколтето ѝ станало побујно, како еден од симптомите на менопауза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

„Многумина велат дека сум ги зголемила градите и не ги обвинувам! Моите гради беа помали! Како и остатокот од моето тело. Но тие само продолжија да растат во многу поголем размер. И мојот грб навистина страда поради тоа. Малку луѓе зборуваат за тоа“, рекла таа, но потоа се огласиле многу жени кои потврдиле дека вакво нешто може да се случи, но додале и дека на ниту една градите не ѝ станале толкави колкави што се оние на Селма, како и дека на тие години градите не можат да стојат толку високо поставени.

Селма и понатаму се држи до својот став, но ние најдовме стари фотографии од почетоците на нејзината кариера и споредивме како изгледала во минатото, а како денес, и ви оставаме вам да процените дали актерката има силикони или нејзиното зголемено деколте навистина е резултат на мајката природа. Погледнете ги фотографиите од Селма во младоста и сега.

Селма Хајек тврди дека нема силикони и дека градите уште и растат: „Мојот грб пати поради тоа“ (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.