Инсистирала ќерка ѝ да не дојде на погребот: Откриено е прошталното писмо на славната пејачка!

Деталите за нејзината смрт се трогателни

Познатата пејачка Наоми Џад извршила самоубиство минатата година во април, а сега откриена е содржината на нејзиното проштално писмо

Во април минатата година, светот го шокира веста дека познатата пејачка Наоми Џад извршила самоубиство, а сега е објавена содржината на нејзиното проштално писмо.

„Не дозволувајте Ви да дојде на мојот погреб. Таа е психички болна“, пишува во писмото добиено од канцеларијата на шерифот во Тенеси, а зборот „не“ е подвлечен.

Ви е, всушност, нејзината ќерка Винона Џад, која присуствувала на погребот, исто како и нејзината друга наследничка, славната актерка Ешли Џад. Наоми Џад ја добила ќерка ѝ Ешли во првиот брак, додека Винона ја родила во врската со Чарлс Џордан. Стрикланд бил нејзиниот втор сопруг.

Како што стојат работите, желбата на покојната славна пејачка не била остварена.

Полусестрите Џад биле во лоши односи, но смртта на мајка им ги зближила. Во мај минатата година, заедно го поддржале нејзиниот постхумен влез во Куќата на славните од областа на кантри-музиката. Набрзо потоа, старите проблеми испливале на површината.

Во јавноста стигнале и фотографии од креветот на Наоми Џад, кој бил испрскан со крв и слика од пиштолот со кој извршила самоубиство. Има и документи во кои се наведува дека за време на трагедијата, нејзиниот сопруг, музичарот Лари Стрикланд, бил на пат, како и дека таа не сакала да биде сама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Judd (@ashley_judd)

Ешли имала комплициран однос со мајка ѝ, која ја обвинила дека ја злоупотребувала. Пред трагичниот настан, забележала дека мајка ѝ е во манична состојба, му се јавила на семејниот лекар, но било доцна. Актерката ја нашла мајка ѝ во кревет, викнала брза помош, по што било потврдено дека Наоми Џад е мртва.

По обдукцијата во август минатата година било потврдено дека Наоми си го одзела животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Judd (@ashley_judd)

Наоми Џад (76) се застрелала во главата, а пред тоа оставила проштална порака. Обдукцијата била извршена во Нешвил.

Според официјалниот извештај, пејачката се борела со анксиозност, депресија и биполарно нарушување. Две недели пред смртта настапила со Винона на доделувањето награди за кантри-музика. Тој настап го означил нивното смирување, а Наоми на последното јавно појавување во дует ја извела нумерата Love Can Build A Bridge.

Наоми Џад била дел од дуото The Judds, најуспешниот кантри-состав во 1980-тите, кој има освоено пет „Греми“ награди, девет CMA награди и има продадено 20 милиони плочи. Нејзините ќерки, пејачката Винона Џад и актерката Ешли Џад, во април 2022 соопштиле дека мајка им починала од ментално нарушување.

Жртва сум на силување и инцест: Ешли Џад прозборела за трауматичното детство и злоставување! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.