Селма Хајек тврди дека нема силикони и дека градите уште и растат: „Мојот грб пати поради тоа“ (ФОТО)
Не и е лесно...
Познатата актерка Селма Хајек ја „гази“ шестата деценија, а со својот изглед таа никого не остава рамдноушен. На неа годините не и можат ништо, а многумина коментираат дека изгледа како млада девојка.
Сепак, покрај комплиментите таа добива и забелешки дека вградила силикони. Меѓутоа, актерката се обидела да ги разубеди своите обожаватели, објаснувајќи им дека има изразено деколте од порано, но дека дека не направила никаков хируршки зафат.
View this post on Instagram
Имено, како што истакнала, градите и се зголемиле прилично последниве години, а тоа е симптом на менопауза.
View this post on Instagram
„Многумина кажаа дека сум ги зголемила градите и не ги обвинувам. Моите гради беа помали. Како и останатото мое тело. Но, тие продолжија да растат. И мојот грб пати поради тоа. Малку луѓе зборуваат за тоа – рекла Хајек во една емисија“.
Коментарите се заклучени.