Aдријана Лима пристигна во Катар без сопругот: Еве која ја „дружи“ (ФОТО)

И по разводот, останаа заедно

Многубројни познати личности одлучија да присуствуваат на спектаклот во Катар, а меѓу нив е и познатата манекенка.

Адријана Лима, поранешната српска снаа, на Светското првенство се појави во друштво на Ана Антиќ. Ана е ќерка на легендарниот фудбалски селектор Радомир Антиќ, кој своевремено ја водеше српската репрезентација.

Мундијалот годинава чинеше милијарди, а многубројни светски ѕвезди заминаа во Катар да ги бодрат репрезентациите и да уживаат во светскиот фудбал. Една од најубавите жени Адријана Лима го следеше натпреварот помеѓу Англија и Иран со својата долгогодишна пријателка.

Ова е нејзино прво појавување по раѓањето на синот, а покрај Ана, друштво ѝ правеше и нејзиниот нов сопруг Андре Лемер. Ана и Адријана делат блиско пријателство, кое датира од времето кога Лима беше во брак со Марко Јариќ, а Ана со Никола Лончар. И по завршувањето на бракот, тие го продолжија пријателството, а Ана беше меѓу првите кои ѝ честитаа на Лима за раѓањето на нејзиниот син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Познато е дека Адријана го сака спортот, особено боксот, кој редовно го практикуваше пред бременоста, а сега покажа дека фудбалот ѝ е на листата на омилени.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.