ТАНГА СРЕДE КАТАР Светот ја коментира бразилската водителка поради облеката со која ја водеше емисијата: „Имај малку почит“

Што мислите вие?

Бразилската водителка Дебора Секо предизвика хаос на социјалните мрежи поради стајлинзите со кои ја водеше емисијата посветена на Светското првенство.

Катарските правила на облекување предизвикаа бурни реакции во јавноста и сега будно се следи секој стајлинг – иако не сте во Катар. На Светското првенство големо внимание привлече жената на катарскиот шеик, а потоа жената на Меси и поранешната српска снајка Адријана Лима. За разлика од заносните убавици кои ја шармираа Доха, бразилката водителка доби остри реакции и негативни критики.

Дебора Секо, која на Sport.tv води емисија за фудбалот, се појави во месо-боја панталони со џебови и сина кошула. Дебора одлично знае како да ја испровоцира јавноста, дури и ако е закопчана до грло. Сите работи се на место, но кошулата одвај ѝ ги покриваше градите. И како тоа да не ѝ беше доволно, водителката  ја подигнала тангата до колковите, додека, пак, модерните панталони ги спуштила најниско што можела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah Secco (@dedesecco)

Иако доби многу коментари за сметка на дефинираните стомачни, Дебора се соочи и со негативни кометари. Како што истакнаа многубројните корисници на социјалните мрежи, многумина сметаа дека ваквиот стајлинг е несоодветен за водење спортски емисии, а нејзиниот одговор уште повеќе ги разбесни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah Secco (@dedesecco)

Ова е фудбалска емисија, а не модна ревија“, „Имај почит кон Светското првенство, особено бидејќи е во Катар“, „Ова е непримерно“, „Глупаво е, како да не е убава во нормална кошула и елегантни панталони“, „Што им прави модата на жените“, гласеа само некои од коментарите, а Дебора кратко одговори:

Многу ми е гајле, јас сум тоа што сум, вели таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.