Бара забрана за доближување: Ќерката на Коби Брајант ја демнее манијак, сонува да има дете со неа кое ќе личи на нејзиниот покоен татко

Страшно

Наталија Брајант, ќерката на покојниот кошаркар, e цел на човек кој ја прогонува, па затоа стравува за својата безбедност.

Најстарата ќерка на Коби Брајант, Наталија (19) се смртно исплашена бидејќи му е цел на опседнат манијак. Како што се наведува, човекот кој ја демнее има криминално минато, па полицијата во Лос Анцелес се грижи за нејзината безбедност.

Наталија Брајант бараше забрана за приближување против 32-годишниот Двејн Кемп, кој е обвинет за вознемирување.

Според изворот на TMZ, Наталија кажала дека Кемп се обидел да ја контактира пред две години кога имал 30, а таа само 17 години. Како што изјави таа, тој живее во илузија дека тие двајца се во врска. И уште наведува дека никогаш лично не го запознала, ниту имала некаков контакт со него. Младата девојка уште додава дека овој човек правел се’ само да ја најде, па живее во постојан страв од него.

Изворите кои се блиски до истрагата, велат дека се појавил на еден нејзин час и дека е виден околу школото со букет цвеќе.

Но приказната добива уште пострашни детали. Како што се наведува во документите до кои дојде TMZ, Камп ѝ е познат на полицијата од порано, како обожавател на оружје. Тој наводно се заканувал дека ќе купи ново оружје, а веќе бил обвинет за најмалку 4 криминали дела, и тоа еднаш било вклучено и огнено оружје.

Наталија тврди дека овој човек еднаш ѝ пратил бизарни пораки со слика од нејзиниот покоен татко и зборовите:

Благодарен за се’ што направи, се надевам дека и ние нешто ќе направиме за него… Коби, додавајќи срце со пораката.

Документите од истрагата велат дека овој човек сопсихички нарушувања сака да има дете со Наталија кое ќе личи на Коби.

Наталија бара од судот да издадат забрана за приближување на Кемп, барем на 200 метри растојание од неа, нејзиното школо, сестрите, работата, домот и од автомобилот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.