21 година брак со Дејвид Бекам е еднакво на 14 скапоцени прстени на раката на Викторија Бекам

Обожава да ѝ подарува камење

Фото: Getty Images

Изгледа дека славниот фудбалер Дејвид Бекам обожава на својата сопруга Викторија Бекам да ѝ подарува скапоцени прстени, кои таа со задоволство ги носи на својата рака, па се проценува дека нејзината приватна колекција ја сочинуваат 14 луксузни свршенички прстени добиени по повод одбележувањето на годишнината од бракот.

Имено, славната брачна двојка минатиот викенд ја прослави 21-годишнината од својот брак, па разбирливо следуваше и емотивна порака од популарната дизајнерка на социјалните мрежи, упатена до нејзиниот „дарежлив“ сопруг.

Среќна годишнина! Не можам да верувам дека помина 21 година откако рековме ‘да’. Четири деца, четири кучиња, многу смеа и секој ден те сакам сè повеќе и повеќе“, напиша вљубената сопруга.

Е сега, да се вратиме на темата на овој текст… Имено, славниот фудбалер ѝ предложи брак на тогаш славната пејачка со голем златен прстен со голем дијамант, но тоа беше само вовед во нејзината приватна колекција на гламурозни украси што ќе ѝ ги подарува за годишнината од бракот.

Непосредно по венчавката во Ирска, на 4 јули 1999 година, Викторија се „префрли“ на платинест прстен на четвртиот прст на левата рака, и оттогаш носи прстени со рубини, смарагди, сафири, но и со вечните дијаманти.

Едено од најскапите парчиња во нејзина сопственост е прстенот со розов дијамант што го доби за својот 30-ти роденден од саканиот сопруг, чија цена е околу еден милион и двесте илјади долари.

Нејзината приватна колекција вклучува и убав прстен со смарагд, потоа прстен со голем 17-каратен дијамант во форма на солза, а познатата модна дизајнерка сака и сафири, па Дејвид ѝ подари еден во 2010 година.

Пред две години, Дејвид ѝ подари на сопругата прекрасен прстен со бели и жолти дијаманти со кој ја одбележаа 19-годишнината од бракот.

 

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.