Убедливо најбогатите американски претседатели: Со своето абнормално богатство можат да го купат остатокот од планетата!

Доналд Трамп убедливо е најбогатиот претседател во историјата на Америка, но далеку од тоа дека тие пред него биле сиромашни

Уште пред да стане претседател на САД пред четири години, се шпекулирало дека Доналд Трамп ќе биде најбогатиот човек кој седел во Овалниот кабинет. Неговото богатство се проценува на околу 3,1 милијарди долари според што Трамп е далеку пред неговата конкуренција.

Сепак, не може да се каже дека другите претседатели на САД биле сиромашни. Погледнете ја листата на најбогатите американски претседатели…

10. Бил Клинтон

42. претседател на Америка (1993-2001)

Богатство: 75,9 милиони

Извор на богатство: Клинтон се збогатил откако престанал да биде претседател. Заработил милиони од својата автобиографија „Мојот живот“, а дел од богатството дошло и од неговата сопруга Хилари и нејзините мемоари „Тежок избор“. И тој и таа многу заработуваат како говорници.

9. Херберт Хувер

31. претседател на Америка (1929-1933)

Богатство: 83 милиони

Извор на богатство: Хувер пораснал како сираче, дипломирал на Универзитетот Станфорд и работел како рударски инженер пред да влезе во политика. Купил неколку рудници во кои подоцна било пронајдено сребро и тоа го направило богат.

8. Линдон Џонсон

36. претседател на Америка (1963-1969)

Богатство: 109,3 милиони

Извор на богатство: Џонсон бил млад, амбициозен и сиромашен младич додека не се оженил со Клаудија Тејлор, една од најбогатите жените во своето време. Заедно создале империја во Тексас, но најголемиот дел од парите доаѓал од радиостаницата која била во сопственост на госпоѓа Тејлор.

7. Џејмс Медисон

4. претседател на Америка (1809-1817)

Богатство: 113,3 милиони

Извор на богатство: Родителите на Медисон биле екстремно богати плантажери и тој го наследил семејниот бизнис. Пред крајот на животот бил во долгови како последица на лошите инвестиции и порочниот живот на неговиот посвоен син.

6. Ендру Џексон

7. претседател на Америка (1829-1837)

Богатство: 132,6 милиони

Извор на богатство: Џексон е еден од ретките претседатели на САД кои биле родени сиромашни. Богатство стекнал работејќи како правник и со женидбата. Наследил огромна сума на пари од сопругата Рејчел, која починала кратко пред тој да стане претседател.

5. Теодор Рузвелт

26. претседател на Америка (1901-1909)

Богатство: 139,7 милиони долари

Извор на богатство: Речиси целото богатство го наследил. Целиот живот бил во јавната служба и се смета дека не заработил многу од тоа. Луксузниот живот му го овозможило семејното богатство.

4. Томас Џеферсон

3. претседател на Америка (1801-1809)

Богатство: 236,8 милиони долари

Извор на богатство: Џеферсон пред да влезе во политика бил богат земјопоседник и поседувал голем број фарми. Сепак, интересно е што умрел како човек во долгови, бидејќи живеел распуштено и надвор од своите можности.

3. Џорџ Вашингтон

1. претседател на Америка (1789-1797)

Богатство: 587 милиони

Извор на богатство: Најголемиот дел од богатството го наследил од полубратот, но се збогатил и како генерал и подоцна како политичар.

2. Џон Ф. Кенеди

35. претседател на Америка (1961-1963)

Богатство: 1,1 милијарди долари

Извор на богатство: Богатството на Џон Кенеди е незгодно за вакви проценки, бидејќи поголемиот дел е наследено. Кенеди е роден во исклучително моќно семејство кое било богато со генерации.

1. Доналд Трамп

45. претседател на Америка (2017-2020)

Богатство: 3,1 милијарда долари

Извор на богатство: И Трамп е роден во свила и кадифе. Се проценува дека од татко му, освен бизнисот со недвижнини, наследил и 413 милиони долари и потоа таа сума повеќекратно ја зголемил. Во споредба со него, неговиот противкандидат на изборите, Џо Бајден, чие богатство Форбс го проценува на „само“ 9 милиони долари, изгледа како сиромашно.

Богатството на Меланија Трамп проценето на 50 милиони долари: Го стекнала пред да се всели во Белата куќа
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.