Богатството на Меланија Трамп проценето на 50 милиони долари: Го стекнала пред да се всели во Белата куќа

Моќна деловна жена

Меланија Трамп секогаш била силна и деловна жена. Нејзиниот брак со Доналд Трамп и’ помогна да го подигне статусот, но таа водеше сопствен успешен бизнис пред да стане прва дама на САД.

Имам многу идеи. Студирав архитектура и дизајн, затоа многу сакам дизајн и мода“, се зборовите што таа ги изговори во 2011 година, кога повторно ја промовираше својата профитабилна линија за накит, која беше распродадена само неколку минути по нејзиното објавување.

Инаку, Меланија е една од најбогатите жени на американските претседатели. Имајќи предвид дека не добива пари за улогата на прва дама на САД, нејзиното богатство, проценето на 50 милиони долари, било заработено пред сопругот да се пресели во Белата куќа.

Од Милано до Париз, Меланија направи свое име кога стана манекенка на само 18 години. Таа брзо се најде на насловните страници на многу списанија, како што се Vanity Fair, Allure и Harper’s Bazar. Во 2005 година, таа се најде на насловната страница на магазинот Vogue во нејзината венчаница.

Рекламирани како луксузни парчиња со достапни цени, накитот што го дизајнираше Меланија е инспириран од градовите во кои живееше: Париз, Палм Бич и Њујорк. Еден часовник е моделиран по „циклус на животот“ и се нарекува Trump Tower.

Сите парчиња чинат помалку од 200 американски долари, а повторното лансирање на нејзината линија е распродадена, непосредно пред нејзиниот сопруг да ја објави својата кандидатура за претседател.

Медиумите посветуваа многу внимание на нејзината истоимена луксузна колекција на производи за нега на кожата, но на крајот, нејзиниот опсег не излезе во продажба заради правни борби со компанијата со која се здружи. Меланија од договорот доби 250.000 долари, а подоцна се реши да се спогоди надвор од судот кога ја тужеше компанијата за оштетување на угледот на нејзиниот бренд. 

Исто така, Меланија добила огромна исплата кога страницата на „Дејли мејл“ објавила статија во која се вели дека работела како „деловна придружничка“ додека била модел. Според наводите, поради тој напис, тие и’ платиле околу 2,9 милиони долари оштета.

Наводно, во 2015 година Меланија добила помеѓу 100.000 и 1 милион долари од Getty Images за користењето на сите фотографии со нејзиното лице.

 

А што прави Меланија со своите пари? Па таа инвестираше еден дел во еднособен стан во Трамп кулата. Зошто? Само тоа и нејзиниот финансиски советник го знаат тоа.

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.