Колач со јаболка и ореви: Толку сочен, миризлив и вкусен што ќе се вљубите во него на прво залаче!

Едноставен десерт

Пригответе десерт со кој ќе ги развеселите сите домашни

Состојки:
  • 100 г омекнат путер
  • 100 г шеќер
  • 100 г кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 1/4 лажиче екстракт од ванила
  • 150 г брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1/4 лажиче сол
  • 2 излупени и сечкани јаболка
  • 50 г сечкани ореви
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, па обложете калап за печење со хартија за печење (најдобро е да земете калап за торта со пречник од 22 см).
  • Во голем сад изматете омекнат путер и шеќер со електричен миксер на средна брзина додека стане лесен и воздушест.
  • Матете ги јајцата едно по едно, па додајте ванила, брашно, прашок за печиво, цимет и сол.
  • Додајте сечкани јаболка и ореви.
  • Смесата префрлете ја во калап за печење.
  • Печете 40-45 минути или додека чепкалата боцната во средина на колачот излезе чиста.
  • Оставете го да се лади 10-15 минути, а потоа топлиот колач исечете го на парчиња и послужете го.
Без мерење и матење: Пригответе совршен колач од чоколадо и кокос за 30 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.