Поранешна соработничка открила: Меланија ги одбројува минутите до развод – нивниот брак бил чиста деловна трансакција!

Едвај дочекала!

Меланија Трамп ги одбројува минутите до разводот со Доналд Трамп, актуелниот претседател на САД, за конечно да стави точка на нивниот 15-годишен „трансакциски брак“

Поранешната соработничка Омароса Маниго Њуман открила дека нивниот брак одамна е во криза:

„Меланија ја брои секоја минути до неговото заминување од Белата куќа за да побара развод. Доколку посака да го понижи и да го остави за време на мандатот, тој би нашол начин да ја казни.“

Како што се тврди, Меланија била очајна во 2016 година кога Трамп победил на американските претседателски избори, бидејќи не можела ни да претпостави дека ќе ја однесе победата.

Исто така, не му се придружила веднаш во Вашингтон, туку чекала 5 месеци, наводно за нивниот син Барон да заврши училиште.

Меѓутоа, уште една нејзина поранешна асистентка Стефани Волкоф тврди дека првата дама планира да се разведе и да преговара за Барон да добие еднаков дел од богатството на Трамп.

Волкоф тврди и дека сопружниците цело време спиеле во одвоени соби и дека нивниот брак бил чиста трансакција.

Инаку, Трамп претходно бил два пати во брак, а втората жена Марла Мејплс се обврзала дека нема да објавува критички книги или да дава интервјуа за него, а постои сомнеж дека и Меланија ќе го направи истото.

Медиумите често истакнувале колку Меланија и Трамп не се блиски во јавност, а првата дама неколку пати била снимена како ги одбива неговите допири и обиди да ја фати за рака.

Да се потсетиме дека Трамп во 1977 година се оженил со Ивана Трамп со која добил два сина и ќерка Иванка, а таа врска завршила на почетокот на 1990-те кога ја запознал манекенката Марла. Тие се венчале во 1991 година и добиле ќерка Тифани, но бракот траел до 1997. Меланија ја запознал една година подоцна и се венчале во 2005 година.

Се разведува од Трамп штом ќе излезат од Белата куќа: Ако го напушти сега, тој ќе ја уништи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.