Се разведува од Трамп штом ќе излезат од Белата куќа: Ако го напушти сега, тој ќе ја уништи!

Брак на стаклени нозе

Меланија Трамп наводно планира да се разведе од својот сопруг Доналд Трамп веднаш штом ја напуштат Белата куќа

Анонимен извор ги потврдил гласините за брачните немири меѓу првата дама на Америка и претседателот Доналд Трамп и додал дека Меланија одлучила да го напушти својот сопруг.

Во книгата за славниот брачен пар од 2018 година, авторката пишувала и тогаш дека првата дама сака да го напушти, но дека тоа е невозможно додека се наоѓаат на оваа позиција.

„Ако Меланија одлучи да го остави додека сѐ уште е на власт, тој ќе најде начин да ја уништи. Според мене, Меланија ги брои минутите и едвај чека да заврши неговиот политички мандат, за да се разведе од него што побрзо“, напишала авторката на оваа книга.

Трамп наводно има податоци за својата сопруга во врска со начинот на кој своевремено дошла до виза за Америка, кој изгледа не бил „целосно легален“, па може да го употреби тоа против неа и да ја уништи.

Важно е да се нагласи дека авторката на споменатата книга, Омароса Њумен, не ги навела причината поради кои Меланија се одлучила за развод.

Во меѓувреме, Меланија разговарала за својот брак со Трамп во едно скорешно интервју. Свесна дека многу се зборува и претпоставува за нивниот брак, одлучила да ги постави работите на свое место.

„Јас го познавам мојот сопруг. Ние имаме одлична врска. И двајцата сме многу независни. Секој од нас си ги знае своите задачи и улоги и среќни сме со тоа“, рекла Меланија.

Порано оваа година, еден магазин објавил дел од емисија кога заедно давале интервју на својата петнаесетгодишнина од бракот. Во тој разговор, Меланија признала дека го поддржала својот сопруг да се кандидира за претседател на Америка и дека многу пати разговарале за неговата политичка кариера. Исто така, во таа пригода обелодениле дека се потполно еднакви во бракот, на што Трамп малку се пошегувал и рекол дека таа можеби е за нијанса пред него.

Доналд Трамп ја изневерувал Меланија со 2 жени во ист викенд – прочитајте какви се тајни за бракот на Доналд и Меланија открива новинарката Мери Џордан
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.