Трик што привлекува богатство: Народното верување тврди дека овие ритуали можат да ви донесат многу пари!

Привлекуваат пари

Фото: Unsplash

Многумина ќе ги отфрлат како бапски приказни, легенди и невистини, но постојат многу примери што ја докажуваат ефективноста на овие трикови за привлекување богатство

Нема пари без вредна работа! Вистина, но ако почнеме со привлекување пари, патиштата полесно ќе ни се отворат.

Овие народни верувања и ритуали тврдат дека парите ќе почнат да ви паѓаат од небо, доколку се придржувате до нив.

Ставете лавров лист на работната маса доколку сакате поголеми деловни успеси и заработка

Многу луѓе веруваат дека ако ставите лавров лист во вашата деловна чанта или на работната маса, ќе привлечете пари. Имено, се верува дека тоа ги зголемува шансите за постигнување на саканите резултати.

Лавровиот лист е еден од омилените зачини кој е достапен во супермаркетите, а лесно може и да се набере. Сепак, на многумина не им е познато дека во некои медитерански предели се користи и за заштита и за привлекување изобилство и богатство.

Лавор во паричникот за финансиски успешна година

Ова се смета за класичен ритуал за привлекување пари со лавор. Најпрво, потребно е да ги испишете вашите желби на лавров лист и да го чувате во вашиот паричник во текот на првиот месец од годината, значи во јануари, за годината што доаѓа да биде успешна.

Лист од лавор во паричникот во текот на цела година

Широко е распространето и верувањето само да се стави лавров лист во паричникот, без да се напише што било на него. Потоа, овој лист се заменува со свеж кога премногу ќе се исуши и се верува дека може да помогне за привлекување пари.

Лавор за покачување на платата

Ако сте во потрага по нова работа или сакате да добиете покачување, би требало да ставите лавров лист во вашата актовка или на работната маса. Некои луѓе веруваат дека тоа ги зголемува шансите за постигнување на саканите резултати.

Лавор на необични места за привлекување пари и напредок

Лаворот исто така може да се става и во фиоки, чанти, во домот или во канцеларија. Поточно, се верува дека лавровиот лист се става таму каде што личноста која сака да постигне некаков успех поминува повеќе време.

Се верува дека на секое од тие места лаворот би можел поволно да влијае врз финансискиот аспект на животот на оној што го заслужува тоа.

Внесува позитивна енергија и привлекува пари: Во домот мора да имате барем еден предмет во оваа боја!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.