Една состојка од кујната ќе го направи бричењето попријатно од кога било!

Едноставен трик

Употребата на маслиново масло во секојдневната нега, според блогерите за убавина, станува се почеста!

Дека експертите го фалат маслиновото масло и придобивките од неговата употреба не е ништо ново.

Покрај тоа, тоа со векови се користи во ритуалите за убавина на жените. Наводно, Клеопатра се капела во него, а може да се користи и за лекување на голем број проблеми со кожата и косата бидејќи е полно со антиоксиданти кои се одлични во борбата против штетите предизвикани од агресорите во животната средина како што се разни загадувачи, УВ зраци и секојдневен стрес.

Со маслиновото масло, важно е дека нема да ги блокира порите или да предизвика акни, но и дека сè е природно.

И, освен тоа што жените го користат за да ја задржат косата сјајна и мазна, сега почнаа да го користат за отстранување на влакната, односно бричење на нозете. Блогерите на своите блогови, форуми и канали на YouTube ги наведуваат придобивките од ова природно масло за бричење.

Ако одлучите сами да проверите дали се во право кога велат дека нивните нозе се измазнети и помеки од кога било, и без никаков осип што може да се појави по бричење, подгответе крпи и бидете внимателни затоа што ситуацијата е лизгава. Со една рака нанесете масло на едната нога и проверете дали онаа рака во која го држите жилетот останува сува затоа што може да се лизне од вашите раце.

Прочитајте и: Новиот трендовски маникир „Роуз кварц” е сè што сакаме на ноктите

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.