Нина Бадриќ остана без работа поради короната и јавно доби неверојатна понуда
Кој би рекол
Каков пресврт!
Поп-пејачката Нина Бадриќ преку социјалните мрежи ѝ се обрати на хрватската власт да им овозможи на музичарите да работат, земајќи предвид дека веќе половина година не можат да ја вршат својата работа поради коронавирусот.
Ова не е хоби, ова не е шега. Од оваа работа зависи егзистенцијата на многумина кои останаа гладни и едвај врзуваат крај со крај. Го замолувам Министерството да се огласи по прашањето на нас музичарите и да ни овозможи, како било, се разбира почитувајќи ги заштитните мерки бидејќи здравјето е најважно, повторно да почнеме да работиме“, замоли Бадриќ.
Обраќањето на популарната пејачка привлече големо внимание, па преку Фејсбук една жена ѝ понуди работа.
Еве, за неколку дена ќе го ископаме компирот, триесет хектари, во околината на Бјеловар, и потребни ни се работници, плаќаме 300 куни (околу 2.500 денари) од ден. Ве молам да ја известите дотичната ако сака да работи. Може да ги земе и Северина и другите што не зедоа помош од 4.000 куни (32847.68 ден.). Само, кажете ѝ да не ни дојде во дизајнерскиот фустан од 14.000 куни (115.000 ден.), со кој се пофали пред неколку месеци, бидејќи врнеше деновиве и доста е калливо“, порача жената.
Фото: Инстаграм