Има 47 години, а изгледа како „авион“: Ева Лонгорија објави жешки фотки во бикини, една од нив е топлес! (ФОТО)

Секоја чест!

Актерката Ева Лонгорија (47) полека се ближи во шестата деценија од својот живот, а судејќи по фотографиите, таа изгледа подобро од било кога. Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ ужива со семејството и пријателите на одморот во Италија, поточно на островот Капри.

Лонгорија одлично си поминува, не ја крие насмевкта на лицето, а своите обожаватели ги „почести“ со нова фотографија.

Таа сподели фотка во бикини, на која покажа совршено тело…

„Надвор од канцеларија“ – напишала како коментар на објавата.

Таа веднаш добила стотици пофалби за изгледот, а многумина навеле дека таа изгледа прекрасно.

На една од фотографиите кои ги објави од одмор, ѕвездата позира и топлес…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.