ЖИВОТ НА РАТИ … или манифест на ШОПИНГХОЛИЗМОТ: Како да препознаете шопингхоличар?

Колумна

Кога шопингхоличарот ќе се соочи со последиците од неразумното трошење, чувствува вина, што создава нова анксиозност, па така влегува во маѓепсан круг .

Долго време се двоумев дали мојава приказна или, поточно кажано, исповед да ја наречам „Манифест на шопингхолизмот“ или „Живот на рати“.

Земајќи предвид дека станува збор за две неразделни синтагми, поточно животот на рати е една од главните карактеристики на ова популарно движење на современата доба, кое има голем број приврзаници, и тоа повеќето од женскиот пол, остана двојниот назив.

Всушност, ќе признаам дека првпат не се двоумев за името на текстот.

Но тој факт не ме израдува туку ме загрижи, бидејќи ме поттикна да се замислам колку длабоко имам навлезено во шопингхоличарскиот грев.

Беше викенд, а викенд е време за шопинг, нели, па почнав да се подготвувам за излегување. Излегов со другарките, седнавме во омиленото кафуле, но овој пат јас со себе носев еден сопатник – гризење на совеста.

ЗОШТО ТОКМУ ЈАС?

Отсекогаш се прашував како се станува шопингхоличар, мислејќи дека мене никогаш не би можело да ми се случи тоа. Но сега знам дека може да му се случи секому и дека зависноста од купување нема никаква врска со материјалната состојба ма „болниот“, затоа што не мора да бидете „пребогати“ за да се впуштите во шопинг-авантура.

Слободно прашајте ги моите кредитни картички, тие најдобро ќе ви го објаснат тоа. Всушност, мојот живот на рати почна пред неколку години, кога ми требаше нов лап-топ, па иако долго време се двоумев, сепак одлучив да го купам.

Отидов во банката и побарав да ми одобрат дозволен минус. Од банката излегов со одобрение и со две нови пријателки – „мастер“ и „виза“. И тогаш почнаа да се менуваат работите.

Почнав да забележувам дека постојат продавници што на влезната врата го имаат логото на банката со која соработуваат и преку која ви дозволуваат да купувате на рати, без провизија. Во зависност од сумата, ви дозволуваат купување на три, шест или на дванаесет рати, а доколку станува збор за техничка стока – и до дваесет и четири рати! И како што обично бидува, таа волшебна етикета ја открив на вратата на мојата омилена продавница.

Е, тоа беше вистинско откровение за мене! Конечно можев послободно да си купувам, вклучувајќи ги и работите што порано беа недостижни за мене. Нели, многу е полесно кога сумата може да се подели на рати, односно да се плаќа неколку месеци…

Веќе не морав да се ограничувам да купувам само за време на попусти и големи распродажби, сега, доколку ми се допаѓа некое парче, го купувам веднаш, чисто за да не ми се продаде додека дојдат попустите… Можеби нема да останат доволно броеви, или бои, или парчиња воопшто… Сметам дека повеќето од вас апсолутно разбираат на што мислам, нели?

ЛЕБ И МЛЕКО НА ОДЛОЖЕНО

И така, парче по парче, продавница по продавница, сметка по сметка… дојде до тоа веќе да не можам да си го замислам животот без моите кредитни картички, и покрај тоа што секој иден месец сумата што треба да ја платам во банка е сè поголема и поголема…

Во еден миг бев принудена да го укинам дозволениот минус и тогаш се почувствував мошне гордо на самата себе. Стиснав заби, отидов во банка и со јасен глас им соопштив дека нема да го обновам барањето. Но да ги откажам картичките…

Е па, тоа е многу потешко. Сепак, сè е некако поубаво и полесно со нив… А би морала прво да ја исплатам комплетната сума што ја должам, плус камата… Така што… Првите знаци на сериозен шопингхолизам ги забележав дури неодамна. И тоа токму во продавницата во која секој ден купувам леб и млеко.

По навика, посегнав по картичката да ги платам основните намирници за живот, затоа што, иако траат само еден ден, зошто да не ги платам еден месец подоцна, нели? Признавам, тоа многу ме исплаши! Брзо пронајдов тест – знаев дека на Интернет постои такво нешто – кој, за жал, покажа дека сум позитивна на шопингхолизам.

Значи, немав каде, морав да си признаам:

Да, да, дефинитивно си навлечена на шопинг!“

А еве како изгледа тестот:

Под насловот „Како да препознаете шопингхоличар“ стојат следниве ставки:

Тој троши повеќе од личниот буџет, купува повеќе одошто му е потребно, ги крие прекумерните парчиња од пријателите и од семејството, ги враќа купените работи поради гризење на совеста и чувство на вина, претпочита да плаќа со картички одошто во кеш, се отуѓува од околината кога е преокупиран со шопинг, купува секогаш кога ќе се почувствува осамено, тажно или луто, чувствува срам и вина поради прекумерното трошење, нонстоп размислува за парите, го одложува плаќањето на сметките, отвора нови кредитни картички за да може да ги „претура“ средствата од една на друга, често размислува на шопингот, за време на кој чувствува огромно задоволство и среќа, купувањето му е поважно од употребата на купената стока и главно исти ситуации и емотивни состојби го тераат да купува.

На крајот пишува дека доколку лицето што го решава тестот се пронајде во две од наведените ставки, тогаш дефинитивно е зависно од купување, а јас сфатив дека се пронаоѓам во повеќето од нив. Знам дека не сум единствената, но тоа не ми ја олеснува ситуацијата. Воопшто!

НАУКАТА ВЕЛИ…

Се разбира, како за сè друго, така и за ова постои научно објаснување. Психотерапевтите имаат што да кажат и на оваа тема. Во почетокот, шопингхоличарите, како и секој друг проблем, можат да се дефинираат.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.